ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

(ВИДЕО) „Балканкан“ прослави 20 години со проекција под отворено небо, режисерот Митревски со видео порака од Малибу

August 21, 2025 11:13
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Томислав Георгиев

Фото: Томислав Георгиев

Share on FacebookShare on Twitter

Со специјална проекција под ѕвездено небо на „Rooftop Open Air Cinema“ во организација на Скопје Сити Мол и Синеплекс и во соработка со Кинотека на Македонија, синоќа беше одбележан големиот јубилеј – 20 години од премиерата на култната македонска црна комедија „Балканкан“ во режија на Дарко Митревски.

На настанот присуствуваше дел од филмската екипа, актерите Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска, Ирена Ристиќ, Емил Рубен, ѕвездите од К15 – Васко Тодоров и Бранко Огњановски, сценографот на филмот Бујар Муча, костимографката Жаклина Крстевска, менаџерот на локации Роберт Јазаџиски и Зоран Ристески, продукциски менаџер, како и пријатели на филмот, и многу јавни личности од македонската сцена.

Режисерот Митревски кој веќе 18 години живее и работи во Лос Анџелес и чиј филм ги урна сите рекорди на гледаност и обедини актери од Македонија, Србија, Хрватска, Босна, Италија и Словенија со видео порака се обрати до присутната публика од елитната холивудска населба Малибу.

Во видео пораката накусо ја раскажа приказната за македонската урбана легенда за лошата баба завиткана во килим, која е лајтмотивот околу кој, потоа се равива приказната на целиот филм.

„Приказната за бабата завиткана во тепих не ја измислив јас – тоа беше македонска урбана легенда за некое наше семејство на летување во Бугарија. Кога почнав да го подготвувам филмот, тогашната австриска амбасадорка во Скопје ме убедуваше дека оваа приказна не се случила во Македонија, туку на едно австриско семејство во времето на Студената војна во тогаш комунистичката Унгарија. Подоцна запознав и некои шпански новинари, кои пак ме убедуваа дека тоа е шпанска приказна, која му се случила на некое шпанско семејство во Мароко. За на крај, откако филмот прошета на фестивали и беше дистрибуиран низ светот, да прочитам еден есеј на писателот Габриел Гарсија Маркес кој вели дека постојат приказни кои им припаѓаат на сите народи и за кои сите веруваат дека токму нив им се случиле, па наведува приказна за некоја си баба завиткана во украден тепих која ја слушнал дури во три земји: Виетнам, Аргентина и Русија. Тоа значи дека загубената баба му припаѓа на целото човештво. Единствена разлика помеѓу нивните баби и нашата баба е што нашата има име: се вика баба Зумбула. И таа баба Зумбула пред 20 години во Македонија беше пославна од Бионсе и Тејлор Свифт заедно. Таа баба на Балканкан му донесе неверојатна популарност и тој стана најгледан филм во нашата кинематографија: со 150.000 илјади продадени влезници и 20.000 илјади легално продадени ДВД примероци“, вели Митревски, додека во позадина се гледа долгата плажа и тиркизниот океан, а потоа неочекувано го сврте ракурсот на камерата, каде се уште се гледат урнатините во Малибу, кој изгоре во страотните пожари годинава и додаде:

„Како едно мало потсетување, гламурот и славата се минливи, нашите животи се минливи – само делата се вечни. И затоа на баба Зумбула и на Балканкан им посакувам да ни бидат вечни и вековити.“

На 22 август (петок) во 21 часот, „Балканкан“ ќе биде повторно прикажан на „Rooftop Open Air Cinema“.

Tags: Балканкан
Next Post

Дистрибутерскиот гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупи светските права за „Сиљан“ на Тамара Котевска

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk