ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

August 21, 2025 10:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Власта на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со сериозен пад на довербата, а тоа ќе се потврди на претстојните избори, порача потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова. Таа укажа на низата скандали и неисполнети ветувања што, според неа, јасно покажуваат дека Мицкоски и неговиот тим не успеале да одговорат на потребите на граѓаните.

Костова потсети дека токму во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство во последните речиси четири години, се бележат најголеми злоупотреби. Таа наведе примери на испумпување на пари од општинските буџети преку тендерски мрежи, скандали со кражба на нафта од училиштата – гориво предвидено за греење на децата, како и изградба на дивоградби од страна на лица блиски до општинската власт.

– Имаме слика на толерирање беззаконие, институции кои функционираат како партиски испостави и раководства кои не одговараат пред граѓаните, изјави Костова.

Еден од најголемите проблеми, според неа, е што заклучно со 2024 година државата се соочува со 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски, а дури 80% од нив доаѓаат од единиците на локалната самоуправа. Тоа, како што нагласи, е директен резултат на лошо и неодговорно управување од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

– Како може цените на комуналните услуги да растат, а квалитетот да паѓа? Тоа е прашањето кое граѓаните секојдневно си го поставуваат,“ рече таа.

Ветувања на хартија, реалност на застој

Костова нагласи дека уште пред официјалниот старт на изборната кампања се гледа како ветувањата на ДПМНЕ за 2025 година се речиси идентични со оние од 2021 година. „Тоа значи дека четири години поминаа без да се сработи ништо. Се ветува истото, а реалните проблеми на граѓаните остануваат нерешени,“ додаде таа.

Пад на поддршката

Според Костова и СДСМ, шестоцифрен е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните веќе препознаваат дека оваа власт нема волја ниту капацитет да се справи со економските и финансиските предизвици.

– Кога ДПМНЕ губи поддршка тоа не секогаш веднаш се гледа во анкетите, но секогаш се гледа на избори. Таму е вистинскиот тест, и овие избори ќе ја потврдат промената, порача таа.

Паника во власта

Според опозициската СДСМ, изјавите на Мицкоски за „успешна влада“ се израз на паника, а не на сила.

– Институционален хаос, партизација без срам, нула реформи во правдата, афери без разрешница – тоа е реалноста. Народот не живее во илузијата што ја создава премиерот, туку во секојдневието кое станува сѐ потешко, наведуваат од СДСМ.

Конкретно, фирма именувана како „ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО Увоз-Извоз Скопје“, која во 2020 година беше предмет на истрага за местење тендер во општина Зелениково, притоа е фаворизирана од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ – доби околу 50 тендери во вредност од приближно 10 милиони евра. Само во последните три месеци, истата фирма добила три тендери со пет договори во општините под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

Локални примери на нефункционалност и поскапување на услуги

Општината Штип е еден од најилустративните примери на ваквата состојба: за речиси четири години владеење од ВМРО-ДПМНЕ, ветените проекти – градинки, булевари, спортски сали, пречистителни станици и др. – останале само на хартија. Во меѓувреме, трошоците за живот нагло пораснале: цената на водата е поскапена за 26%, на канализацијата за 16%, сметот за цели 110%, а данокот на промет за 33%. Јавното претпријатие ЈП Исар е во долгови, а градот се соочува со сообраќаен хаос, депонии кои гореа, и јасен недостаток на основни комунални услуги.

Шукова со визија за Скопје

Паралелно, кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, потенцираше дека приоритет ќе и биде враќањето на елементарните стандарди на живот во главниот град.

– Партиските бои не се важни кога се работи за граѓаните. Скопје е пред сѐ нивно, а градот мора да биде сервис на граѓаните, не обратно, рече таа.

Шукова посочи дека само преку сериозна синергија меѓу институциите и граѓаните може да се врати довербата и да се обезбеди функционален систем кој ќе нуди чист град, квалитетни услуги и одговорно однесување кон јавниот интерес.

Во пресрет на Локалните избори, СДСМ настапува со критика и со понуда. Критиката е упатена кон ВМРО-ДПМНЕ – за корупција, хаос и неработење, а понудата се однесува на конкретни решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕГрад СкопјеЛокални избори 2025СДСМ
Next Post

Сурова реалност во Србија: Полициска бруталност, закани кон оние што одат на протести, селективни апсења

НАЈНОВО

Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4, во близина на Кејот на Вардар

August 21, 2025

ДУИ: Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници

August 21, 2025

Елитни руски војници се повредувале себеси и своите соборци за да добијат отштета

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk