ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заветната пропаганда

August 22, 2025 11:06
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Јане Ѓорѓиоски.

Јане Ѓорѓиоски.

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Папагалите на Мицкоски велат спремале долгорочни мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Ќе правеле сериозни ем ГОЛЕМИ анализи за да го скротат растот на цените. Немало да дозволат народот да умре од глад.

Ич да не се секирате.

Ќе било…

ЌЕ!

Е, сеа, дури не дојде тоа ЌЕ, има да си пееме.

И нема да ни е прв пат.

Владетелите ќе го киднапираат достоинството на граѓаните со продавање евтин популизам базиран на сензитивни национални етнички наративи.

А, ние расположени, ем распеани, ем вековни.

Почнаа заветените каравани што ќе ви ја загреат „патриотската душа“.

Низ песна има да ја оплакуваат тешката судбина на Македонија, ќе тажат ропства и вековни неправди.

Ќе паѓа раја во транс набиена со патриотски занес за вемерото и сегашните војводи.

Има да си потпевнуваме додека купуваме 100 грама од најевтината салама, или една пилешка паштета и два домати.

Толку се може.

Но тоа не пречи – доволно е срцето да е полно со патриотизам!

За тоа време, овие диџеиве што ви ја сервираат Заветна како опијат – си м’цкаат шкампи, бифтеци, манго и папаја. Ние, нели, и онака не сме љубители на морска храна, ни е мачно од мрсно и ни прави киселини тропското овошје.

Затоа, нека уживаат – и тие се луѓе.

Но потоа… потоа пак истите ќе си ги гласате.

Пред тоа ќе слушате како Мицко, зачуден од новинарски прашања за исходот од изборите, со самоувереност ќе изјавува: „За тоа не станува збор, се знае дека ние победуваме“.

И навистина, драги мои заветени браќа и сестри, не знам со кој ум новинарите воопшто поставуваат такви прашања, кога одговорот одамна е запишан во „заветот“?

Ајт!


Текстот е личен став на Авторот

Tags: ЗаветнаЈане Ѓорѓиоскипропаганда
Next Post
Фото: МИА

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски со „владините повереници“ сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните

August 22, 2025

Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

August 22, 2025

Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk