ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ САТИРА

Јагода и вестите

August 27, 2025 11:28
in ДЕНЕС, САТИРА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Јагода долго време се думаше како да му испрати тајна порака на Цветко. Затоа го побара најдоверливиот курир Трајче.

„Кај си?“, го праша таа во краткиот разговор на Сигнал.

„Во братска Србија“, ѝ одговори Трајче гордо.

Тој ѝ објасни на претседателката на Нашата Околија – никогаш Северна – дека српскиот четнички војвода во Околијата го испратил во братска Србија, за да му помогне на Вождот од Белиот Град во борбата против западниот империјализам и лудите четници што сакаат да го симнат од престолот.

„Прати ми го Дорчо, барем. Тој ќе знае како да…“, му рече таа.

„Дорчо е секогаш со мене“, ја прекина тој, „не можам без него. Башка, тој ми е многу потребен. Заедно сме дел од работната група за стратегија против империјализмот и глобализмот.“

„Е па како да му испратам јас сега доверлива порака на Цветко? Се работи за нов концепт на уредување на вестите. Мора прво да одат вести за спорт и култура, па после за политика…“, го праша Јагода, онака збунета и беспомошна.

„Лесно, претседателке“, ја успокои Трајче, „јавно.“

„Па како тоа? Па тогаш сите ќе дознаат“, околиската претседателка беше сѐ позбунета, „ти, момче мариовско, се подбиваш со мене.“

„Таман работа, Јагода! Дозволи ми да ти објаснам“, ѝ одговори Трајче. „Во денешно време, тоа што е апла, најдобро е скриено. Ќе дадеш изјава за медиумите јавно, онака како што ти најдобро знаеш, ќе се нишкаш, ќе се врткаш и ќе си збориш — знаеш — изјава… Потоа дигиталните комити ќе го пласираат тоа на Фејсбук, па така ќе стаса тоа и до Цветко. Во меѓувреме, сите коментираат три дена и три ноќи, повеќето ќе те поддржат, предавниците ќе лаат, но потоа забораваат сите заедно. Ама Цветко, ако и тој не заборави, ќе ја слушне пораката и — го знаеш каков е — нема ништо да направи, исто како да заборавил и тој попрво од сите. И така, сите си живееме еден живот околиски, да не кажам живот бановински, како што велат овде, во братска Србија.“

„Ама ова е важно! Мора прво да одат вести за спорт и култура, па после за политика…“, му вели Јагода сега веќе вознемирена.

„Јагода, не се вознемирувај. Ти ги откривам тајните на модерната комуникација. Нема веќе тајни пораки“, ѝ рече Трајче со доза на строгост во гласот.

„А што правиме со културата, со спортот?“, упорна е Јагода.

„Види, освен арамилак и повремени тепачки, ни таму нема ништо друго. Не чепкај сега таму. Цветко и онака не знае што да прави со сѐ друго, освен да го товари магарето“, ѝ одговори Трајче, сега веќе нетрпелив. „Извини ме сега, ме вика Дорчо на состанок за стратегии.“

И ја исклучи.

Јагода, збунета, лута, стоеше на тремот на палатата среде шумата неколку минути. Потоа, ги преврте очите неколку пати и, цупкајќи, отрча во бавчата да ги кастри ружите.

Преземено: Цивил Медиа

Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
Next Post

Сончево и топло до сабота

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk