ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Граѓаните турнати во сиромаштија – инфлацијата руши рекорди, платите стагнираат

August 27, 2025 10:51
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно ги туркаат граѓаните во сиромаштија, додека инфлацијата руши рекорди, а платите стагнираат, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче.

– Пред еден од најтешките месеци во годината, граѓаните се соочени со суровата економска реалност – сè е поскапено, а платите стагнираат. Ја прекинаа спиралата на раст на платите што ја започна СДСМ. Инфлацијата од 4,8% секој месец го јаде животниот стандард – граѓаните живеат полошо. Синдикалната потрошувачка кошничка за август изнесува над 65.000 денари, а дури и две минимални плати не се доволни за преживување на месецот, нагласи Филипче.

Тој додаде дека фактите говорат сами за себе: растот на реалната плата, онаа што ја мери куповната моќ на граѓаните, во јуни изнесувал само 3,8%, за разлика од минатата година кога со економските политики на СДСМ тој изнесувал 11%.

– За прв пат по долго време имаме пад на просечната плата во споредба со претходниот месец. Ова е аларм кој не смее да се игнорира, предупреди тој.

Филипче ја нагласи и разликата во пристапот кон граѓаните: „СДСМ знае како да ја врати стабилноста и достоинството на граѓаните. Нема да отстапиме од барањата за покачување на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Битката за повисоки приходи е битка за достоинствен живот.“

Во вакви услови, предупредува Филипче, државата се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност.

– СДСМ нуди јасен план – повисоки плати, намалување на цените и стабилност на економијата. Сè друго значи продолжување на агонијата, порача тој.

Протести и барања за поголеми плати

Од почетокот на годинава до денес во земјава се одржани дури 14 протести и два штрајка со барање за зголемување на платите. Тоа покажува дека работниците не се подготвени да молчат и сè поактивно излегуваат на улица за да се изборaт за подобар животен стандард. Според последните иницијативи, очекувањата се дека уште веднаш може да се донесат измени и дополнувања на законот за минимална плата, кои би стапиле на сила по локалните избори. Со тоа би се овозможило зголемувањето на минималната плата да се примени и ретроактивно.

Синдикална кошничка и реалноста на граѓаните

Според пресметките, синдикалната минимална кошничка за август изнесува над 65.000 денари. Дури и со две минимални плати, просечно семејство не може да ги покрие основните животни трошоци. Сè поголем дел од приходите на домаќинствата одат на храна и сметки, а за образование, култура и заштеда останува речиси ништо.

Економска состојба

Македонската економија се соочува со сериозни предизвици. Инфлацијата од 4,8% ја јаде секоја добивка, а просечната плата не може да ги следи реалните трошоци на живот. Економистите предупредуваат дека продолжувањето на ваквиот тренд ќе ја продлабочи кризата и ќе ја зголеми емиграцијата, особено кај младите.

Во многу сектори, вклучително и здравството и образованието, платите стагнираат, а работниците предупредуваат дека ако состојбата не се промени, ќе следуваат нови протести и радикални синдикални активности.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕминимална платаПотрушувачка кошничкаСДСМ
Next Post

Познати 32 учесници во Лигата на шампионите, остануваат слободни уште четири места

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

„Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

August 27, 2025

Филипче: Додека ВМРО ДПМНЕ е на власт противниците на Македонија мирно спијат

August 27, 2025

Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk