ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

August 29, 2025 13:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека државава почнува активности за проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. Тоа следи, посочи тој, откако беа отстранети пречките од минататото и Владата донесе одука да активира грант од Европската инвестициска банка како техничка поддршка за ревизија на основниот проект, по што ќе биде објавен тендер за градежните работи.

– Третата фаза ќе биде од големо значење за нас како држава. На тој начин ќе ја потврдиме нашата цел да бидеме крстосница на многу значајни паневропски коридори 8 и 10. Третата фаза е во процес на развивање, битно е дека сите пречки од минатото што се случуваа се надминати, постигната е согласност со нашиот источен сосед.  Нашиот дел, би рекол со одлуката на Владата да се активира грантот што значи техничка поддршка од страна на Европската инвестициска банка (ЕИБ) значи дека и ние почнуваме со овој проект. Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување јавен повик за изградба на третата фаза, изјави Мицкоски, по увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.

Со тоа, дополни премиерот, практично ние ќе ја заокружиме целата делница која што е дел од Коридор 8, од Куманово до граница со Бугарија.  Од другата страна исто така процесот добро напредува така што Коридор 8 ќе биде целосно исполнет. Во напредна фаза сме и на Кородорот 10, кој е дел од договорот со Обединетото Кралство и ќе има убави вести и моменти во периодот што следи, рече Мицкоски.

Владата на седница на 26. месецов донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од ЕИБ. Со ова, информираа од Владата, избраниот консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач.  Дополнително, за да се забрзаат активностите, ЈП Железничка Инфраструктура ќе започне постапка за избор на надзор на изградбата.

Третата делница од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до бугарската граница, е во должина од 23,4 километри со планирани 22 тунели, од кои и меѓуграничен, како и 52 моста. Со тендерот што пропадна, како што објави Владава, вредноста од првично планираните 340 милиони евра била зголемена на 560 милиони евра.

Македонија и Бугарија, по повеќемесечен застој на крајот на јуни на министерско ниво постигнаа договор за придвижување на работите за железничкото поврзување. На состанокот на делегации на двете држави на 16 јули во Брисел  беа идентификувани приоритетите меѓу кои и повторно објавување на тендерот за работите на железничкиот дел помеѓу Крива Паланка и влезот на прекуграничниот тунел до крајот на годинава од страна на Македонија. За заедничкиот проект за изградба на прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир, пак, се договориле да формираат работни групи кои ќе финализираат текст на меѓувладиниот договор со цел да се утврдат конкретните обврски на двете страни за техничките, финансиските, градежните и оперативните аспекти.

Бугарската Национална компанија за железничка инфраструктура, пак, минатиот месец објави тендер за проектирање и изградба нова железничка траса од Ѓуешево до границата со Македонија во должина од 2,4 километри, единствената делница што недостасува од железничкиот Коридор 8 на бугарска територија, како и за модернизација на 17 –  километарската делница од Перник до Радомир. Бугарското Министерство за транспорт тогаш соопшти дека со објавувањето на тендерите Бугарија ги исполнува своите обврски за целосна изградба на железничка врска меѓу двете земји.

Првата делница од пругата кон Бугарија беше пуштена во јануари годинава, а на втората се завршени 30 проценти од градежните работи и веќе е надминат конструкторскиот проблем со столбовите изградени пред 30-ина години на мостовите во близина на Кратово.

Next Post

Форд повлекува стотици илјади возила поради опасни сопирачки и воздушни перничиња

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk