ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Нема учебници, е-дневникот во хаос – се бара оставка од Јаневска

Опозицијата со жестоки критики за состојбите во образованието, министерката уверува дека учебници има и ќе има за сите

September 5, 2025 12:15
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На самиот почеток на новата учебна година повторно се отвора старото прашање – дали учениците во Македонија ќе имаат учебници. Опозициската СДСМ со остра реакција обвини дека во училиштата владее целосен хаос, дека учебници нема за голем број предмети и дека новиот електронски дневник не функционира.

„Образованието и учениците денес ја плаќаат цената на неспособноста на министерката Весна Јаневска. Недостасуваат учебници по математика и историја за осмо одделение, по хемија и физика, како и по странски јазици. Во средните училишта состојбата е уште полоша – за стручните предмети учебници речиси и да нема“, стои во соопштението на СДСМ.

Од таму посочуваат дека дел од родителите се приморани сами да ги печатат учебниците кои се споделуваат преку Вибер групи, а наставниците се соочуваат со дигитален колапс бидејќи новиот е-дневник постојано блокира и не снима податоци. „Наместо унапредување, добивме деградација на образованието“, велат од СДСМ и бараат Јаневска да си поднесе оставка.

Јаневска: „90 отсто учебници веќе доставени“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, пак, тврди дека оваа година темата „има или нема учебници“ е затворена. Според неа, најголемиот дел од учебниците, околу 90 проценти, се веќе стигнати во училиштата, а преостанатите ќе бидат доставени во првата недела од учебната година.

„Оваа година, за разлика од претходните седум кога имаше сериозни проблеми, ќе има учебници по сите предмети од прво до деветто одделение, како и за прва до четврта година во средните училишта. Имаме нови печатени наслови, но и електронски учебници поставени на веб-страниците. Од следната година ова повеќе нема да биде тема“, рече Јаневска при посетата во Кавадарци заедно со премиерот Христијан Мицкоски.

Таа додава дека учебници ќе има и по странски јазици, што, според неа, претходните влади не успеале да го обезбедат.

Хаосот се повторува секоја година

Иако МОН уверува дека учебници има доволно, од терен стигнуваат бројни поплаки од наставници и родители дека учебниците се нецелосни, стари и во лоша состојба. Слични критики се повторуваат речиси секоја учебна година, без разлика која партија е на власт.

Дополнителен проблем годинава е и новиот е-дневник, кој според наставниците не е функционален и ги отежнува првите денови на наставата. Образовните експерти предупредуваат дека ваквиот хаотичен почеток ја намалува довербата на учениците и родителите во целиот систем, и дека реформите мора да се спроведуваат со поголема подготовка и координација.

Дестан Јонузи

Tags: Весна ЈаневскаВладаМОНСДСМучебници
Next Post

Поранешен директор на Онкологија не се чувствува виновен за несовесно лекување пациенти

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk