ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025 14:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за неповедување постапка за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата до Уставниот суд се Здружението „Светски македонски конгрес” од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.

Во иницијативата поднесена од Здружението „Светски македонски конгрес”, подносителот наведува дека со донесување на оспорениот Правилник е напрaвена повреда на Изборниот законик и член 8 став 1 алинеја 3 и 5, членовите 22, 23, 51, 54, 61 и 68 став 1 алинеја 2 од Уставот. Подносителот тврди дека иако изборните рокови се во тек, ДИК постапила надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишала услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции.

Во иницијативата поднесена од Стевче Стојанов е наведено дека со оспорениот Правилник се повредени член 8 став 1 алинеја 3, членовите 51, 61 и 68 став 1 елинеја 2 од Уставот. Според наведеното во иницијативата, во точка 4 од Правилникот, Државната изборна комисија уредила норма за поддршка на кандидатска листа за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник поднесени од „група избирачи” која треба да биде потпишана од најмалку двајца избирачи и со тоа уредување, ДИК излегла надвор од законските рамки и се ставила во улога на законодавач.

Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски повикувајќи се на членот 63 од Изборниот законик кој, како што рече не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори Уставниот суд го укина.

Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски на седницата рече дека е добро што има дискусија и оти предметот е важен. Смета дека пополнувањето на правни празнини е многу важна тема и во уставното и во регуларното судство и воопшто во правото. Појасни дека кога во околности се укинати некои одредби или поништени одредби, тогаш и право и должност на законадавецот е да ги полни тие правни празнини.

– Што правиме кога правната празнина не ја пополнува законодавецот? Која порака тој ја праќа спрема сите останати? Дали е негова волја да ја остави состојбата таква како што е? Ако го толкуваме на тој начин, немојте да заборавите дека има одлука на Уставен суд, која ви дава многу сериозно толкување на политичкиот плурализам, на пасивното, на активното избирачко право. Одлуките на Уставниот суд го имаат истиот правен ефект како и законот, конечни за секого, вклучително и за ДИК. Нашата одлука е задолжителна и за ДИК, рече Костадиновски, потсетувајќи на „џебното вето“ на претседателот.

Оваа одлука што денес ќе ја донесе Уставниот суд, како што рече, е многу важна и затоа јас лично се определувам за мериторна одлука. Со тоа Уставниот суд кажува дека кога во услови кога законадавецот не е уставно дисциплиниран, тоа е негова желба или определба, тогаш уставните празнини ќе се попополнуваат и ова е еден од начините на пополнување. – Дали има основа ДИК? Има, и тоа како има, смета Костадиновски.

Во поглед на тоа дали е пропис или не е, тој вели дека нема никаква дилема дека е пропис. Смета дека не секогаш по форма и не секогаш по содржина одреден акт и по последиците кои ги предизвикува може да биде подобен за уставно-судска оцена. – Да, темпорален е, тој е врзан со овој изборен циклус, но тоа не е пречка ние да ја донесеме одлуката, Костадиновски.

Судијата Јадранка Дабовиќ – Анастасовска рече дека е убедена дека ДИК не постапувале спротивно закон и Устав.

Судијата Добрила Кацарска смета дека овој Правилник е спротивен на закон и рече дека тој не објавен во Службен весник.

– Ние не можеме да ги затвориме очиме пред нешто што е незаконито. Станува збор за судии на Уставен суд, рече Кацарска.

Tags: ДИКправилникУставен суд
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Заврши мерката „училишна кошничка“: Власта тврди - заштедата за двајца ученици е 3.000 денари

Најново

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАСА во трка со времето: Инженерите се обидуваат да го спасат „Војаџер 1“

April 19, 2026

СДСМ бара локален референдум за рудникот за антимон во кривопаланечкото село Луке

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk