ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Што значи активирањето на член 4 од НАТО, по континуираните руски провокации на источното крило

September 21, 2025 16:58
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руските воени провокации кон земјите-членки на НАТО не запираат. Русија повторно ги зголемува тензиите на источниот крил на НАТО. Последните инциденти – прелет на руски борбени авиони над полска нафтена платформа и упад на руски МиГ-31 во естонскиот воздушен простор – уште еднаш ја потврдуваат кревкоста на безбедносната рамнотежа во Европа.

Русија продолжува со провокации, активиран член 4 на НАТО: Два руски борбени авиони прелетале над полска нафтена платформа, три руски МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор

Како реакција, сојузниците повикаа на консултации по член 4 од Северноатлантскиот договор. Овој член е еден од најважните механизми за колективна безбедност во рамките на Алијансата, бидејќи предвидува дека:

„Договарачките страни ќе се советуваат секогаш кога, по мислење на некоја од нив, ќе биде загрозен територијалниот интегритет, политичката независност или безбедноста на некоја од Договарачките страни.“

За разлика од член 5, кој предвидува автоматска колективна одбрана во случај на напад, член 4 има превентивна улога. Тој овозможува навремено усогласување меѓу сојузниците, координација на позициите и подготовка на заеднички одговор пред кризата да ескалира во отворен конфликт.

Историјата покажува дека член 4 се активира во моменти на сериозна загриженост:

2003 – Турција побара консултации поради ризиците од војната во Ирак.

2012 – исто така Турција, откако нејзина територија беше нападната од Сирија.

2014 – Полска и балтичките држави по руската анексија на Крим.

2020 – Турција поради ескалацијата на насилството во сирискиот Идлиб.

2022 – повеќе источноевропски членки по руската инвазија врз Украина.

Сегашните провокации против Полска и Естонија се надоврзуваат на оваа серија настани и го потврдуваат трендот: Москва тестира колку далеку може да оди без да предизвика директен воен одговор на НАТО.

Во овој контекст, член 4 не е само формалност, туку и јасен сигнал до Русија дека Алијансата функционира како политички и безбедносен блок. Консултациите се порака дека секоја закана кон една членка се сфаќа сериозно, а истовремено се и инструмент за зајакнување на кохезијата и одвраќањето.

Прашањето што останува е: до кога НАТО ќе може да одговара со дипломатски механизми, а кога ќе биде принуден да ја разгледа и опцијата од член 5?

Ј. Ѓорѓиоски

Прочитајте и…

Воени провокации и дезинформации: Како Москва ја тестира подготвеноста на НАТО, а Пекинг ја засилува играта со лажни наративи

Tags: НАТОруски провокациичлен 4
Next Post

Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk