ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава

September 21, 2025 15:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Обединетото Кралство, Канада и Австралија денеска објавија дека формално ја признаваат Палестина како суверена држава.

Британскиот премиер Кир Стармер ја објави одлуката преку видео порака.

– Соочени со растечкиот терор на Блискиот Исток, дејствуваме за да ја одржиме жива можноста за мир и решение за две држави. Тоа значи безбеден и сигурен Израел покрај одржлива палестинска држава – а во моментов немаме ниту едното ниту другото, наведе Стармер, додаваќи дека моментот за признавање на палестинската државност „е дојден сега“.

Речиси истовремено, палестинската државата ја признаа и Канада и Австралија.

Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека Канада  официјално ја признава dржавата Палестина и го прави тоа со меѓународни партнери за да ја зачува перспективата за решение со две држави.

– Во текот на многу децении, посветеноста на Канада кон [решение со две држави] се темелеше на очекувањето дека овој исход на крајот ќе се постигне како дел од договорено решение. Сепак, таа можност „постојано и сериозно еродира[e“ од неколку случувања, вклучувајќи го нападот предводен од Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, резолуцијата на израелскиот парламент со која се поддржува анексијата на окупираниот Западен Брег и ограничувањата на израелската влада за хуманитарна помош, се наведува во изјавата на Карни.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе, пак, соопшти дека Канбера им придружува на Лондот и Орава во донесувањето на оваа историска одлука.

– Австралија ги признава легитимните и долгогодишни аспирации на народот на Палестина за сопствена држава. Денешниот чин на признавање ја одразува долгогодишната посветеност на Австралија на решение со две држави, кое отсекогаш било единствениот пат кон траен мир и безбедност за израелскиот и палестинскиот народ, истакнува Албанезе.с

Tags: АвстралијаВелика БританијаКанадаПалестина
Next Post

Семи Капланоглу, лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“: Филмот не е снимен во камерата, туку во умот

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk