ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сиљановска – Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас, на средбата со Калас укажав на двојните стандарди на ЕУ

September 25, 2025 08:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за нашите демократски чекори, особено за способноста за менаџирање на меѓуетничките односи, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата со Гутереш, што се одржа синоќа (по македонско време) во Њујорк, во рамки на учеството на 80.Сесија на Генералното собрание на ОН.

–  Тој рече дека стои зад нас и дека ова секаде ќе го повторува. Се разбира добро е да чуете ваков став и да добиете  поддршка од првиот човек на Обединетите нации заради неговото богато дипломатско искуство во кое и ние сме биле вклучени како земја која што кога имала проблеми се нашла на дневниот ред на неговата агенда, истакна претседателката Сиљановска – Давкова.

Таа додаде дека средбата не беше од отворен карактер, меѓутоа на неа беа присутни и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани, кои ја придружуваат на работната посета во Њујорк.

Сиљановска – Давкова на средбата изрази почит кон улогата на Гутереш како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок.

– ОН треба да ја зајакнат својата улога и да бидат главната арена за справување со глобалните предизвици – од војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, до климатската криза и спроведувањето на Агендата 2030. Затоа се потребни суштински реформи, преку јакнење на репрезентативноста и демократизацијата на Генералното собрание и на Советот за безбедност, истакна претседателката на средбата со генералниот секретар на ОН.

Нагласувајќи ја важноста на женското лидерство, таа укажа дека активно се спроведува и Вториот национален акционен план за жени, мир и безбедност.

Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава резултира со значајна поддршка на реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и доброто управување – приоритети кои се клучни за македонската европска интеграција.

Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Генералниот секретар на ОН за безрезервната поддршка на македонскиот пат кон ЕУ и за неговата позиција за потребата од забрзување на евроинтегративниот процес.

Како што јави известувачот на МИА, по средбата со Гутереш, претседателката присуствуваше на приемот за лидерите од Западен Балкан што го приреди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, каде што повторно  укажала  на двојните стандарди што ги манифестира ЕУ, конкретно кога станува збор за мали држави.

– Укажувам на ставање крај на двојните стандарди бидејќи тоа не е европски манир, не е европска пракса, не би требало да биде европска пракса. Значи, за мене е антиевропско однесување, но тоа постојано се практикува во Европската унија, рече Сиљановска – Давкова.

Таа додаде дека за овој проблем и укажала и на Калас, но и дека предупредила дека проблемот нема да застане на нас, дека веќе се наѕира и во поглед на Молдавија и Украина.

–  Укажав и дека ЕУ не е само прашање на проширување туку дека влегување на Западен Балкан или реинтеграцијата на Западен Балкан во Европа, односно во моментот во ЕУ, каде што географски, историски и културно со векови припаѓала, ќе биде многу важен лек против безбедносните дилеми што веќе се наѕираат. На потег се тие, истакна Сиљановска – Давкова.

Се разбира, како и секогаш, додаде, реков дека во тешки моменти Европската унија успевала да биде многу креативна и можеби сега предизвикот е голем.

–  Исто така, реков дека е важно Западниот Балкан да го перцепира како целина и дека ако има расчекор во чекорењето меѓу земјите од Западен Балкан тоа може да предизвика дополнително поделби наместо обединување, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

По средбата со Калас и лидерите од Западен Балкан, таа присуствуваше и на приемот организиран од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Next Post

Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk