ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Српски дронови над територијата на Косово; Бериша бара оставка од Рама поради објавени снимки за средба со трговци со дрога

September 26, 2025 16:00
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа, изјави дека неодамна имало случаи на летови на беспилотни летала во северниот дел од земјата, за кои се сомнева дека доаѓаат од територијата на Србија, објавија косовските медиуми.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, на прес-конференција изјави дека доколку премиерот Еди Рама не поднесе оставка по објавувањето на снимките од страна на италијанската антимафија, Демократската партија ќе поднесе тужба до СПАК, а ќе ја разгледа и можноста за тужба пред меѓународен суд.

Истражувачкиот новинар Нело Трокија, автор на книгата „Албанската мафија на непобедливите“, во ексклузивно интервју на 25 септември, за новинарката Алба Кепи, на Сури ТВ, изнесе детали од состанокот меѓу претставници на владата на Рама и трговци со дрога предводени од Артур Шеху, пишуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

ТВ 21: Косовските власти велат дека беспилотни летала од Србија летале над  косовска територија

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа, изјави дека неодамна имало случаи на летови на беспилотни летала во северниот дел од земјата, за кои се сомнева дека доаѓаат од територијата на Србија.

Тој нагласи дека полицијата е во постојан контакт со КФОР и ја следи ситуацијата, пренесе ТВ 21.

Ора инфо: Косовската полиција уништи нелегално оружје, конфискувани над 36.000 парчиња од 1999 година

Косовската полиција организираше церемонија на уништување на нелегално мало и лесно оружје во селото Прелез, на автопатот Приштина-Феризај.

Генералниот директор на косовската полиција, Газменд Хоџа, изјави дека од 1999 година се конфискувани над 36 илјади парчиња оружје, додека објави дека од 2005 година се уништени 15 илјади 904 парчиња кратко и долго оружје, како и илјадници муниција.

„Тоа е континуиран процес со цел создавање поголема безбедност за нашите граѓани. Нелегалното оружје е опасност за нашето општество, тоа е опасност за нашите семејства, нашите деца. Тоа не создава безбедност, туку создава поголема несигурност. Во текот на сите овие години имавме доста случаи каде што нелегално оружје е употребено во кривични дела и многу животи се изгубени поради употреба на нелегално оружје.“, објави Ора инфо.

АЛБАНИЈА

Сури- Од глисер,  на островот Аруба: Италијански новинар го открива бизнисменот од Валона близок до Рама

Истражувачкиот новинар Нело Трокија, автор на книгата „Албанската мафија на непобедливите“, во ексклузивно интервју на 25 септември, за новинарката Алба Кепи, на Сури ТВ, изнесе детали од состанокот меѓу претставници на владата на Рама и трговци со дрога предводени од Артур Шеху.

Средбата се одржала во 2019 година на островот Аруба, место наречено Андиле Романдеси, а темата била проектот за перење пари од трговијата со дрога што е во изградба во Тирана. Според италијанскиот новинар, министри од владата на Рама биле на состанокот и дека за ова имало прислушување. Новинарот Трокија изјавил дека Никола Гратерија ја смета изјавата на Бериша за враќање на Албанија во наркодржава за точна, па дури и вели дека е повеќе од тоа, објави Сури.

Панорама – Бериша: Доколку Рама не поднесе оставка, ќе поднесеме тужба до СПАК и ќе ја разгледаме можноста за поднесување тужба пред меѓународен суд

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, на прес-конференција изјави дека доколку премиерот Еди Рама не поднесе оставка по објавувањето на снимките од страна на италијанската антимафија, Демократската партија ќе поднесе тужба до СПАК, а ќе ја разгледа и можноста за тужба пред меѓународен суд.

Бериша нагласи дека шпекулираната средба е веќе докажана и документирана, сметајќи ја за прашање од големо значење за транспарентноста кон албанските граѓани, регионот и Европа. Тој им се заблагодари на новинарите и на италијанските власти за објавувањето на материјалите, што, според него, повеќе не може да се негира, пренесе Панорама.

КОЛУМНА

Коха: „Предизвиците на северниот сосед“

„Една од лекциите научени од падовите на автократиите е дека тие паѓаат не поради масовноста на незадоволството на граѓаните, туку поради неединството на елитата на режимот и губењето на довербата во автократскиот лидер.

Милошевиќ не падна како резултат на граѓанските протести, туку затоа што српската елита сфати дека Милошевиќ е потрошена карта. Следствено, она што ја чека Србија не е револуција, каде што сегашниот режим одеднаш ќе ја изгуби контролата врз власта, туку политичка еволуција, каде што елитите ќе сфатат дека Вучиќ е потрошена карта и следствено ќе биде заменет со нова, но слична фигура.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Предизвиците на северниот сосед“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумирегион
Next Post

ЈП „Тетово Транспорт“: Не оранизираме наградни игри, има лажна страница на Фејсбук

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk