ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ДКСК: Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори 2025

September 29, 2025 14:52
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека до денеска 635 институции доставиле податоци за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат односно 42%, додека 879 институции односно 58%, воопшто не доставиле податоци.

Од 879 институциите што не доставиле информации, според податоците на МВР, ДКСК констатирала дека 192 институции располагаат со 2.028 возила, но не доставиле никакви информации до Комисијата.

– Со оваа пракса се овозможува јавен увид и се поттикнува транспарентност и одговорност кај институциите кои имаат обврска да пријават службени возила, посочуваат од ДКСК.

Како што се појаснува во соопштението од ДКСК, согласно Изборниот законик, јавните фондови, јавните претпријатија и сите други правни лица што располагаат со државен капитал, имаа обврска во рок од десет дена од денот на донесувањето на одлуката за распишување на Локалните избори 2025 односно до 18.08.2025 година, до 24:00 часот, да достават податоци до ДКСК за бројот, видот, регистарските таблици и возната состојба на сите службени возила со кои располагаат институциите.

ДКСК на својата веб-страница го објави Регистарот на службени моторни возила, како законската обврска од Изборниот законик.

Исто така, со цел да се обезбеди транспарентно информирање на јавноста и да се спречи евентуална злоупотреба на службените возила во изборната кампања, ДКСК на својата веб-страница објави податоци за институциите кои немаат доставено податоци за службените возила (линк), како и  преглед  на податоци за марката и регистарскиот број на возилата од институциите кои не доставиле податоци, а располагаат со службени возила (линк).

Обврска да достават податоци имаа вкупно 1.514 институции според податоците на Централниот регистар на Република Северна Македонија.

До 29 септември 2025 година, 635 институции доставија податоци односно 42%, додека 879 институции односно 58 %, воопшто не доставија податоци.

Од 635 институциите што доставија информации, 63% односно 403 институции тоа го сторија во законскиот рок и пријавија 4.079 возила, додека 232 институции податоците за 2.558 возила ги доставија по истекот на рокот.

Од доставените податоци од 635 институции, во регистарот досега се објавени информации за 578 институции кои располагаат со 6.637 возила, додека 57 институции известија дека не располагаат со возила.

Од вкупно 6.637 возила внесени во Регистарот на возила, 5.456 се во возна состојба, 1.003 не се во возна состојба, а за 178 возила воопшто нема податоци за возната состојба.

Во однос на споредбата меѓу податоците што ги доставија институциите и оние што ги добивме од Министерството за внатрешни работи (МВР), утврдено е дека кај дел од институциите бројот на пријавени возила целосно се совпаѓаат (34% од институциите), но има и значителен број случаи каде што институциите (66% од институциите) пријавиле повеќе или помалку возила отколку што стои во евиденцијата на МВР. Исто така, постојат и институции кои пријавиле дека располагаат со возила (27 институции), а во податоците на МВР тие возила воопшто не постојат, што укажува на можност возилата да се водат на друго правно лице, но да им бидат дадени или отстапени на користење.

Постојат и податоци за возила со статус на класифицирани информации, поради што истите не се јавно објавени.

Tags: ДКСК
Next Post

Герасимовски активира 600 волонтери во кампањата, посета на 15 илјади домаќинства, вети мирна и позитивна кампања

Shortcut

Најново

Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk