ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Играта со меѓуетничките односи: Стратегија или опасен политички потег?

October 10, 2025 11:35
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, дека „е потребен нов историски договор меѓу Албанците и Македонците“, повторно ја отвори темата за меѓуетничките односи и иднината на Охридската спогодба – темелот на мирот и стабилноста во земјата.

Таравари бара нов почеток

– Сметам дека Албанците и Македонците, како 90 проценти од населението во Северна Македонија… имаат потреба од нов историски договор, со кој ќе ги утврдат односите така што тие секогаш ќе бидат функционални и да не зависат од тоа кој е на власт, а кој во опозиција, изјави Таравари.

Неговата порака доаѓа во период на вжештена изборна кампања, во која меѓуетничката реторика повторно стана дел од политичката борба за власт.

Ацо Кабранов: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ секогаш ја играат картата на национализам

Долгогодишниот новинар и политички аналитичар Ацо Кабранов, во изјава за Фронтлајн, смета дека сето ова е веќе видено сценарио во македонската политика:

„Меѓуетничките односи за секои избори се тензични, а тоа секогаш го прават ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за градење на својот рејтинг. Така е и за овие избори. Мислам дека премиерот Мицкоски, со навреди и закани кон ДУИ, ја води играта со односите меѓу Македонците и Албанците за да го зголеми рејтингот на неговата партија и да обезбеди подобар резултат за коалицијата ‘Вреди’ во однос на ДУИ.“

Кабранов предупредува дека реториката на навреди и закани меѓу партиските лидери може да остави длабоки последици:

„Сведоци сме на досега невидени навреди и закани во релација Мицкоски–Ахмети. Заканите на премиерот дека ќе го пензионира Ахмети, дека се криминалци и слични изјави, предизвикуваат гнев во кампусот на ДУИ и реакција дека е албанофоб и слично. Мислам дека досега немало премиер кој толку отворено навредува и си игра со меѓуетничките односи.“

Аналитичарот додава дека улогата на коалицијата „Влен“ е да му служи на премиерот како „алиби“:

„Улогата на ‘Влен’ во ваквите односи е да му служи на Мицкоски како алиби – дека со ‘добрите Албанци’ е добар, а со ‘лошите’ како ДУИ постојано им се заканува дека ќе ги апси, пензионира итн. Разбирливо е дека за таквата реторика Мицкоски добива аплаузи од неговите следбеници националисти. Но, нема да ме изненади ако целата оваа игра заврши со ново коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ во евентуални предвремени парламентарни избори напролет следната година.“

Ахмети: Со национализам се загрозува Охридската спогодба

Од друга страна, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на митингот во Долнени потсети дека Охридската рамковна спогодба е темел на мултиетничкиот соживот и предупреди на опасностите од националистичката реторика.

– Често ги слушам македонските политичари како зборуваат за национализам. Јас велам, треба да бидеме заедно – Албанци, Турци, Бошњаци, Роми – за да ја зачуваме Охридската спогодба, да ги чуваме институциите што нè обединуваат и да ги заштитиме правата на секоја заедница, рече Ахмети.

Тој порача дека секој напад врз овој договор е удар врз иднината на државата: „Охридската спогодба ја одведе Македонија во НАТО и ја постави на патот кон ЕУ. Оној што го напаѓа овој договор, не ја сака ниту државата, ниту мирот.“

Иако идејата на Таравари за нов историски договор меѓу Македонците и Албанците се претставува како повик за еднаков и стабилен соживот, реакциите на останатите политички актери откриваат дека меѓуетничките теми и понатаму се користат како алатка за собирање политички поени.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Али АхметиАрбен ТаравариАцо КабрановЛокални избори 2025меѓуетнички односи
Next Post

Ацевски: Зошто Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски чекаат избори, зошто не го исчистат градот сега?

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk