Екс лидерот на СДСМ, некогашен премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски деновиве бил во Охрид каде е забележан во најмала рака „интересно“ друштво.
Имено, тој се појавува на најмалку две фотографии објавени на социјалните мрежи.
На првата, Црвенковски е во друштво на актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и Јован Мирчевски – сопственикот на „Пупе Компани“ кој важи за сива еминенција на ЗНАМ во Охрид.
На втората фотографија пак, Црвенковски е во друштво на Марина Горговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.

Овие фотографии ја разбрануваа охридската и македонската јавност, па многумина активисти и членови на СДСМ на социјалните мрежи коментираат дека ова е потврда дека Црвенковски стои зад ЗНАМ и дека преку овој политички субјект е во директна спрега со ВМРО-ДПМНЕ.
Во медиумите и претходно се појави вест дека Црвенковски ургирал кај градоначалникот Пецаков за негов пријател бизнисмен да добие некаква помош од градоначалникот за одредена работа поврзана со бизнис.