ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Стаменкоска Трајкоска: Пешачко велосипедска патека обиколка на Кисела Вода, ќе го решиме проблемот со хигиената

October 17, 2025 12:33
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, и она што го истакна е тоа дека во првите 72 часа со поддршка на Град Скопје и градоначалникот иден на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во една тимска акција ќе пристапат кон средување на општината Кисела Вода и Градот Скопје, во насока на справување со предизвиците во делот на чистотата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Она што Стаменкоска Трајкоска го најави е тоа дека во текот на нејзиниот четиригодишен мандат, ќе се продолжи со одржување на континуитетот на реализација на проекти кои се со поддршка на актуелната Влада како и дополнителните проекти кои ќе значат квалитетен живот на граѓаните, а кои се содржани во нејзината програма, при што истите ги сподели.

„Станува збор за пешачко велосипедска патека обиколка на Кисела Вода, организирање и континуитет на процесите во образованието и градинките, средување на училишните дворови, со оплеменување на дополнителна опрема и сето она што значи како иновација во училиштата, а тоа е училници на отворено. Во нашата програма се ставени и сите оние дополнителни проекти кои ќе значат оплеменување и креативност во наставата, но исто така и дополнителна поддршка, а тоа е процесот на климатизација”, рече Стаменкоска Трајкоска и се надоврза:

„Јас имам 3 приоритети за Кисела Вода, а тоа се граѓаните на Кисела Вода, бизнис заедницата и исто така општинската администрација. За сите овие три приоритети имаме во програмата да направиме поволни услови за да продолжи континуитетот на позитивни промени во Кисела Вода“.

Стаменкоска Трајковска посочи дека еден од приоритетите во нејзината програма е и системското уредување и одржување на хигиената, а со цел чиста животна средина, при што напомена дека со едно синергиско дејствување на сите општествени чинители, едукативни кампањи, дополнителни места за отстранување на отпад, одржливо управување со истиот може да се надмине предизвикот со чистотата во општината.

„Еден од приоритетите во мојата програма е системско уредување и одржување на хигиената, од она што значи и чиста животна средина, каде со засилено чистење, миење на улиците и јавните површини, поставување на нови места дополнителни за отстранување на отпад, организирање акции за отстранување на диви депонии, исто така чиста месна заедница каде преку едукативни кампањи и соработка со сите општествено одговорни фирми и населението, активности со кои сите да работиме заедно на зголемување на свеста кај сите нас за одржливост спрема животната средина. И одржливо управување со отпадот, дополнително зголемување на можностите за селекција на отпадот. Имаме во нашата програма долгорочни активности кои ќе значат одржување на редот со така кажани редари кои ќе помогнат во сите тие активности“, заклучи Стаменкоска Трајкоска.

Next Post

Салиу: Ќе донесеме инвестиција за фабрика за отпад која произведува енергија

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk