ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дебата за автомобилите во ЕУ: Здравјето на луѓето во сенка на автомобилската индустрија

October 19, 2025 09:36
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на интензивирање на дебатата околу забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување во ЕУ од 2035 година, како дел од амбициозните зелени цели на блокот за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, група здравствени организации и медицинските професионалци упатија заедничко писмо до Европската комисијата во која ги нагласуваат здравствените ефекти од евентуалното укинување на оваа мерка.

Дебатата ја интензивираше европската автомобилска индустрија, која од самиот старт се противеше на забраната на продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување, сега иницирајќи идеја ЕУ да се откаже од ваквиот план.

На средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатиот месец претставници на автоиндустријата посочија дека забраната ќе го зголеми притисокот врз овој сектор во услови на нелојалната конкуренција на кинеските производители на електрични возила и на американските царини за увозот на автомобили од Европа.

Европската автоиндустрија за својот предлог доби поддршка од водечките земји производители на возила, Германија и Италија, при што германскиот канцелар Фридрих Мерц дури ја оцени забраната како „грешка“.

Во вакви услови, Фон дер Лајен најави дека Европската комисија ќе ја забрза постапката за преразгледување на одлуката за забрана на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Но, на ова реагираше европската индустрија за електромобили, која предупреди дека укинувањето на забраната ќе има неповолно влијание врз пазарот на електрични возила во ЕУ, како и дека од тоа корист би имале конкурентите од трети земји и би биле поткопани инвестициите во овој сектор.

Дополнително, група десничарски и конзервативни европратеници иницираа дебата во Европскиот парламент посветена на поддршка на идејата за укинување на забраната, при што беше повторена познатата реторика за постоење на „зелена идеологија“ и оквалификувањето на Зелениот договор како „најголема измама во ЕУ“.

Во сите овие дискусии прашањето се сведе на заштита на европската автомобилска индустрија и одржување на нејзината конкурентност, од една, и на заложбите за зелена транзиција и остварување на целите за климатска неутралност, од друга, при што некако во сенка падна прашањето за здравствените ефекти од забраната.

Поради ова, групата здравствени организации и медицинските професионалци во своето писмо до Еврокомисијата посочуваат дека во целата дебата се занемаруваат ефектите што по здравјето на луѓето би ги предизвикало укинувањето на забраната, пред се оние поврзани со загадувањето на воздухот.

Во писмото се наведува дека емисиите на гасови од возилата со мотори со внатрешно согорување се еден од најголемите загадувачи на воздухот.

Загадениот воздух е одговорен за повеќе од 300.000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година, а Европската агенција за животна средина го нарекува „најголемиот ризик по здравјето на животната средина во Европа“, се вели во писмото.

Авторите на писмото посочуваат дека загадениот воздух влијае на речиси сите видови болести, меѓу кои се истакнуваат срцевите заболувања, мозочните удари, ракот на белите дробови, астмата, деменцијата, дијабетесот и замастувањето на црниот дроб.

Лошиот воздух може да доведе и до компликации во бременоста и да го наруши развојот на децата, а дополнително на него најранливи се најмладите и најстарите припадници на општеството.

Според студијата на ЕРЈ Опен Ресрч, објавена минатиот месец, при вдишување на загаден воздух, ситните ПМ2,5 честички преку белите дробови успеваат да навлезат во крвотокот и бидејќи се многу мали почнуваат слободно да циркулираат низ него.

Овие честички можат „да се залепат“ за црвените крвни зрнца, чија примарна функција е да го транспортираат кислородот од белите дробови до остатокот од телото, и на тој начин овие загадувачи се шират низ целиот систем и доспеваат до сите органи.

Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот е алармантно во повеќето земји од Централна и Источна Европа, но и во Италија, при што во нив регистрираните количества на ПМ2,5 честички се многу повисоки од дозволеното ниво на Светската здравствена организација (СЗО) од пет микрограми на кубен метар.

ПМ2,5 честичките, според студијата, се виновни за повеќето смртни случаи поврзани со загадувањето на воздухот, на што се надоврзуваат и голем број други загадувачи, кои исто така придонесуваат за предвремена смртност и болести.

Врз основа на ова се оценува дека е потребна промена на пристапот во дебатата околу забраната на возилата за внатрешно согорување, во која сега здравјето најчесто се става во втор план.

– Тоа апсолутно треба да се промени. Секој треба да дише, па затоа никој не е безбеден, а многу од споменатите болести придонесуваат за пониска продуктивност на работниците, предизвикувајќи спирала во големите индустрии, се нагласува во писмото.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: автомобилската индустријаЕУ
Next Post
Генерирано со ВИ

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време

НАЈНОВО

Оскарите

Холивудски икони без Оскар: Големите имиња што Академијата никогаш не ги награди

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Излезноста во Битола до 15 часот е 31,45%

October 19, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Комо му го нанесе првиот пораз на Јувентус во сезоната во Серија А

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk