ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Демократски чин на Филипче: Сите да гласаат по сопствено убедување

October 31, 2025 15:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција испрати порака што ја надминува партиската логика – повика членовите и симпатизерите на партијата во општините каде што СДСМ нема свој кандидат во вториот круг од локалните избори, да гласаат според сопственото убедување и според вредностите што им се блиски.

„Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување – според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до вредностите за чесно владеење, почит, еднаквост и развој“, изјави Филипче.

Со овој став, лидерот на СДСМ испрати порака на политичка зрелост и доверба во граѓанската свест, покажувајќи дека демократијата не се состои во слепа партиска лојалност, туку во слободата на совеста и изборот.

Филипче нагласи дека на втори ноември, во недела, секој глас може да направи разлика, повикувајќи граѓаните да изберат локална власт што ќе биде вистински сервис на народот.

„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите таа врата ќе биде отворена за секого, кога било кој граѓанин ќе има потреба или ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои посветено ќе работат да живееме во подобри општини и градови“, порача Филипче.

Тој повика на масовна излезност во вториот круг, испраќајќи порака дека граѓаните имаат моќ преку гласањето да го изразат своето незадоволство од власта, но и своите вредности и убедувања.

Филипче нагласи дека власта не понудила решенија за проблемите на граѓаните и покажала „невиден степен на ароганција“.
Во тој контекст, лидерот на СДСМ порача дека гласањето е најсилниот демократски инструмент со кој секој поединец може да направи промена.

„Гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста и најсилен отпор на апатијата. Во недела сигурен глас може и ќе направи разлика“, рече Филипче.

Со ваквиот повик, претседателот на СДСМ покажа зрелост и доверба во сопствените членови и во демократските принципи, нагласувајќи дека вредностите се поважни од политичките калкулации.

Ј. Ѓ.

Tags: гласањелокални избориФилипче
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk