ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025 22:12
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вашата земја навистина помина долг пат во евроинтеграциите. Основата ја имате, сега е време да ја надградите со обновена енергија, обединетост и посветеност. ЕУ останува со вас на секој чекор од патот и заедно ја споделуваме истата визија за иднина кадешто земјата ќе го заземе своето вистинско место во европското семејство, како силна, демократска и просперитетна членка, изјави евроамбасадорот, Михалис Рокас на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година.

Рокас, исто така, изрази уверува дека брзото проширување е приоритет и цел на Европската Унија, особено во тековниот геополитички контекст.

-Задачата пред нас е јасна и работата треба да почне веднаш без одложување, бидејќи сакаме да ја видиме Северна Македонија како го искористува овој момент. ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста мора да остане ваша, порача Рокас.

Според  евроамбасадорот, Извештајот доаѓа во многу важен момент за европскиот пат на земјава.

-Како што кажа и комесарката Марта Кос, се соочуваме со брзопроменлив геополитички пејсаж и само со обединување на Европа ќе можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет на нашиот континент. Ова е наша заедничка цел, изјави Рокас.

Извештајот, посочи тој, ги дава потребните препораки за земјата да се одржи цврсто на патот кон ЕУ.

-Сега е време да се искористи приликата да се забрзаат реформите и да се спроведуваат малку поодлучно. Споредно со минатогодишниот извештај, како што беше споменато од премиерот, постигнат е одреден напредок, но сепак се потврдува потребата за поголема политичка посветеност, нагласи Рокас.

Нема напредок, нагласи Рокас, во судските реформи и борбата против корупцијата.

-Ова останува од суштинско значење да се направи. Ова не се само одредници, туку темел за довербата на граѓаните и за европската иднина на државата. Трета година по ред во оваа овласт нема значителен напредок, а сепак токму тука една нова посветеност може да направи една голема разлика. Да се обезбеди финансиската независност на судството, ослободени од мешање. Тоа ќе биде клучно за да се врати довербата на јавноста и да се продолжи со реформите. Затоа ќе биде потребно и соодветно финансирање, што значи дека е потребно зголемување на средствата во нацрт буџетот за 2026 година за да се спроведат реформите и амбициите на земјата, порача Рокас.

Во однос на борбата против корупцијата, евроамбасадорот, нагласи дека е потребно да се измени Кривичниот законик во согласност со препораките од Уставниот суд.

-Битно е да се надминат политичките поделби, да се забрзаат реформите и да се заврши со именувањата и назначувањата. Се уште се чека напредокот на полето на уставните измени, но постои сериозна можност да се обнови дијалогот и да се продолжи со оваа клучна обврска, порача Рокас.

Го поздравуваме фактот, нагласи Роакс, што државата работи на патоказите за владеење на правото, јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и акцискиот план за заштита на малцинствата што, како што рече, се клучни подготвителни чекори за отворање на класерот Основи.

-Со нетрпение очекуваме да видиме усвојување на овие документи до крајот на годината, за да можеме да продолжи со интегративниот процес. Кога станува збор за политиките, реформите се бавни, но сепак се истакнува извесен напредок во одредени области кој што ги спомена и самиот премиер, изјави Рокас.

Може да бидете сигурни, нагласи Рокас, дека дека брзото проширување е наш приоритет и наша цел, особено во тековниот геополитички контекст и порача дека „го цениме фактот дека земјата останува усогласена со безбедносната и надворешната политика на ЕУ“ во однос на руската агресија против Украина.

-Ова покажува дека земјата продолжува да биде сигурен и доверлив партнер што ги споделува вредностите и приоритетите на ЕУ, порача Рокас.

Извештајот за напредокот на земја, Рокас нагласи дека веќе го претставил на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши и сега на Владата, како и пред судството и граѓанското општество, а како што посочи од годинава неговиот тим ќе го презентира пакетот за проширување и во други градови низ земјава.

ЕУ, нагласи Рокас, работи напорно за да постигне интеграција на земјата, посочувајќи ги како позитивни чекори приклучувањето на СЕПА системот, напредокот на дискусиите за роамингот, како и значителната финансиска поддршка преку Планот за раст и тоа што земјава ќе биде една од земјите домаќини на Центарот за вештачка интелигенција, кои се дел од пакетот на ЕУ. аа/дма/

Фото: принтскрин

Tags: ЕУизвештај на ЕКМицкоскиРокас
Next Post
Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ - „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk