ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Ден на Достоинството и Слободата во Украина: Историја што ја дефинира борбата за Европа

November 21, 2025 21:39
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Секоја година, почнувајќи од 2014 година, Украина на 21 ноември го одбележува Денот на Достоинството и Слободата. Токму на овој датум се случија два пресудни моменти во поновата историја на земјата — Портокаловата револуција во 2004 година и Револуцијата на достоинството / Евромајданот во 2013–2014 година. Центарот на двата настани беше кијивскиот плоштад на Независноста – Мајдан, познат во светот едноставно како „Мајдан“ – симбол на граѓанскиот отпор и место каде што се решаваше судбината на државата. Токму на Мајдан Украинците се обединуваа за мирно, но решително да го изразат своето право на слобода, демократија и европска иднина.

 

1 of 4
- +

1.

2.

3.

4.

Главната идеја на овој Ден е фундаментална за разбирањето на современа Украина: двете револуции беа одлучувачки чекори за зачувување на Независноста на земјата и конечно го обликуваа украинскиот народ како нација што денес е способна да ја брани својата државност со оружје во рака од надворешна агресија.

Причините за појавата на овој Ден се вградени во геополитичкото спротивставување и цивилизацискиот избор. Во 2004 и 2013 година, граѓаните излегоа на централните плоштади свесни дека стојат пред избор: дали Украина ќе остане сателит на Русија под московска диктатура, или ќе го избере патот на демократизација и полноправна интеграција во европската заедница.

Во ноември 2004 година стотици илјади граѓани излегоа на улиците, протестирајќи против масовните изборни фалсификати на претседателските избори. Мајданите во Кијив и другите градови, камп-населбите и безпреседанската мобилизација на граѓанското општество станаа симбол на зрелоста на нацијата. Тогаш Украинците првпат ја почувствуваа сопствената сила, одбранија чесни избори и се утврдија како субјект на меѓународната политика, привлекувајќи го вниманието на целиот свет.

Девет години подоцна, општеството повторно излезе на плоштадите низ целата земја. Во ноември 2013 година, под директен притисок од Кремљ, тогашната власт ненадејно се откажа од потпишувањето на Договорот за асоцијација со Европската Унија. Ова беше доживеано како симбол на отстапување од европскиот курс и предизвика масовно негодување.

Студентските протести во центарот на Кијив прераснаа во моќно движење на милиони луѓе по бруталното растерување на мирната акција во ноќта на 30 ноември 2013 година. За Украинците тоа не беше само прашање на надворешнополитички избор, туку борба за човеково достоинство, слобода на говор, правда и иднина без корупција и узурпација на власта.

Трагичните настани од јануари и февруари 2014 година, кога безбедносните сили употребија оружје против демонстрантите – хероите на Небесната стотка – станаа точка на неповрат. Хероите на Небесната стотка го дадоа животот за слободата, и нивната жртва засекогаш е врежана во националната меморија.

Двете револуции ги обединува заеднички именител: тие беа израз на непоколебливата волја на Украинците да живеат во слободна држава, заснована на европски вредности. Портокаловата револуција донесе искуство на граѓанска самоорганизација, а Револуцијата на достоинството го загрчи општеството, подготвувајќи го да се спротивстави на надворешна агресија. Не е случајно што тие што стоеја на Мајдан беа првите што доброволно заминаа да ја бранат земјата на Истокот по почетокот на руската агресија во 2014 година, а во 2022 година повторно застанаа во одбрана на Украина во севкупната војна против Русија.

За Украина, Денот на Достоинството и Слободата не е само сеќавање на минатите настани, туку годишно потврдување на изборот што го направи народот. Тој потсетува дека човековите права, фер изборите, слободата на говорот и владеењето на правото се неразделни делови на државноста.

Ова е Ден што потсетува дека Независноста не е подарок, туку се освојува и брани секојдневно – и на плоштадите, и на фронтот.

Денес, кога Украина веќе повеќе од 44 месеци пружа отпор на севкупната инвазија, Денот на Достоинството и Слободата добива особено значење. Овој Ден е симбол на тоа дека борбата на украинскиот народ е дел од глобалната борба за слобода и правда. Украина уште еднаш ја потврдува својата улога како бедем на демократијата во Европа, а нејзиното искуство станува важен сигнал за целиот свет: слободата никогаш не е дадена засекогаш – за неа мора да се бори.

Амбасада на Украина во РСМ


Преземено од ЦИВИЛ Медиа
Next Post

Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани за случајот со родилката Веапоска

Shortcut

Најново

Фото: НАСА

(ВИДЕО) НАСА подготвена за лансирање на вселенскиот телескоп „Роман“: Финална инспекција на примарното огледало 

May 30, 2026

Африканскиот феминистички крик на ОФФест: Моќниот женски колектив „Les Amazones d’Afrique“ доаѓа во Скопје

May 30, 2026
Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk