ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Запалете шеќер во дното на креветот за да се ослободите од усраноста!

November 29, 2025 11:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонија е земја во која изговорениот збор не вреди пет пари, а сарказмот и цинизмот во изразување се третираат како мањак на памет.

Мене секој ден ме носат во Бардовци, а премиерот го слушаат како Аца Лукас.

Макар што нема ниту А од Аца.

Ги пали Македонците со трилерите за идентитетот и за пензиите, луѓето го слушаат и го лижат тој сладолед за кој им се чини дека е од бесплатни зборови.

„Ајмо, рацете горе!”

„Јеееее!”

„Ќе дозволите ли уставните судии да ви ги намалат пензиите?!”

„Нееееее!”

„Да ги пуштиме ли Бугарите во Уставот?!

„Нееееее!”

„Што мислите за Курвата вавилонска!?”

„Ујууујуууу!”

Концертот на премиерот тече и покрај евидентната опасност дека шупата Македонија може да ја смени агрегатната состојба и да исчезне во чад.

Можеби затоа многумина ја густираат својата тишина, свесни за предноста која се состои од незборувањето, односно за автоматската надмоќ над она што се расипува во зборови.

(Обез)духовниот  живот, што не умира во вморонската хистерија, во суштина, се сведува на немо чекање.

Во Македонија доминираат наивци. Комитска школа. Таков е секој Македонец кој не е свесен за својата беззначајност и кој, следствено, се радува на секоја пофалба.

Колку ја сака Македонија, на пример, или колку ги мрази предавниците.

Како оној Тричковски, на пример.
Хахаха!

Тоа се критериумите.

Не е мал бројот на оние кои мислат дека се неутрални. Некои мислат дека се неутрални по природа, а други дека за остварувањето на тоа ниво имаат потрошено многу енергија, свест и совест.

Јас им велам дека неутралноста е триумф над животот, а не триумф на животот. Како што мислат тие. И дека ништо од она што живее не е неутрално.

За отарасување од наивноста и, особено, од демоните, од кои се плашат како фактори што сакаат да им го сјебат идентитетот, им ја препорачувам вообичаената пракса во Франција: да запалат шеќер во дното на креветот.

Еден комшија, злато човек, ме вовлекува во ходникот, гледа лево-десно, да види да не некој нè гледа, и ми вика: „Тричко, ќе те обвинат за учество во предизвикувањето на општа опасност односно за поттикнување.”

„Имаш право”, така му реков, „но ако се запишам во вмро ќе можам и пола Скопје да го запалам, а за тоа да одговара Ристо Пенов кој пропуштил благовремено да ги депортира пироманите и луѓето со опасни намери.”

Хахаха!

Имам чувство дека животот ни е расшиен.

Всушност, раздрпан е подобар израз. Расшиен има некаков фин призвук.

Македонија е банка што е во перманентен грабеж. Бандитите влегоа не преку подземен тунел или со автоматски пушки и уништени камери, туку преку избори и смена на управниот и надзорен одбор.

Газдите се пљачкаши односно пљачкашите се газди.

Македонија друга смисла нема.

Им викам на моите Македонци да се откажат од некои парчиња на својата историска приказна која, евидентно, е чиста конструкција, тие ми викаат дека сум луд и предавник.

Океј!

Но, додавам, дека во секое одрекување постои едно тајно уживање, максимално амбивалентно, од кое би било апсурдно да се откажеме.

Што било по националност Црното ќумурџиче?

Има ли нешто од што полесно можеме да се откажеме во замена за тајното уживање и за перспективите кои ќе се темелат на нашата хармонизација со самите себе, со нашата вистинска димензија.

Или некои други безначајности.

Дека не сме биле субјект пред војната, на пример.

Сега на располагање имаме само национализам од очајнички вид.

Кој нема со што да го пумпаме.

Понеже историското досие ни е празно.

Одговарајќи на прашањето што ќе се случи во иднина, уште во 1958 година Сјоран напишал дека ќе се случи бунт на народите без историја. Ние совршено се вклопуваме во тие негови проекции. За Европа рекол дека тука ќе победат  само народите кои не живееле. Можеме да се најдеме и во таа прогноза, освен ако, евентуално, Влавот не мислел на некои нови народи кои допрва ќе се конституираат.

Среќен Ден на Републиката.

Кога Македонците ги пуштија во Преамбулата на АВНОЈ.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Убиени најмалку две лица во масовен руски напад врз Кијив, повредени 37, меѓу нив и дете

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk