ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски со УНИЦЕФ: Заедно во превенција на вандализам и воведување општокорисна работа за малолетници

December 1, 2025 11:50
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа работен состанок со тимот на УНИЦЕФ предводен од Лесли Милер, претставничка на организацијата во државата, информираат од Општина Центар.

„На состанокот се дискутираше на тема општокорисна работа и превенција на вандализмот кај малолетните лица. Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и отпочнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, наставниците и родителите, со цел да се изнајдат решенија и спроведат координирани активности за превенција на девијантни појави кај малолетниците. Експертите на УНИЦЕФ споделија искуства од регионот и светот, нагласувајќи дека проблемите поврзани со децата можат да се надминат само преку обуки, едукација и активно учество на целата заедница. Се разговараше и за потребата од дополнителна регулација во областа на правата на децата и малолетничката деликвенција, преку подзаконска рамка и унифицирање на постапувањето на сите надлежни институции на државно ниво“, се наведува во соопштението.

Од Општина Центар велат дека „прва ја покренале иницијативата, која потоа ја поддржа и ЗЕЛС, за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како воспитна мерка за малолетни сторители на вандализам“.

„Вандализмот е сериозен проблем што бара итна и координирана реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со одговорност, заедно со нивните родители“, порача градоначалникот Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел општокорисната работа да стане системска мерка која ќе придонесе за превенција и ресоцијализација.

Дополнително, побарани се измени во Законот за семејство и Законот за извршување санкции, со кои би се вовела и одговорност на родителите преку заедничко учество во општокорисната работа.

Tags: ГерасимовскиОпштина ЦентарУНИЦЕФ
Next Post

Николоски: Автопатот Гостивар-Букојчани го градиме интензивно, 17 километри се веќе пробиени

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk