ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кошта до Вашингтон: Сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократијата на своите партнери

December 8, 2025 19:21
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот совет, Антониу Кошта, порача дека САД треба да се воздржат од „закани за мешање во демократскиот живот“ на европските сојузници. Ова се првите покритични реакции од високите институции на ЕУ по објавувањето на новата Национална стратегија за безбедност на САД, каде Вашингтон ја претстави својата визија за глобалните геополитички предизвици, пишува Политико.

Говорејќи на Конференцијата „Жак Делор“ во Париз, Кошта истакна дека партнерството меѓу Европа и САД останува клучно, но дека се темели на взаемно почитување — особено во моменти на политички разидувања.

„Добро е што оваа стратегија сè уште ја третира Европа како сојузник. Но ако сме сојузници, мора да се однесуваме така. А сојузници не се закануваат дека ќе се мешаат во демократскиот живот или во внатрешните политички избори на своите партнери. Се почитува суверенитетот“, изјави Кошта.

Тој предупреди дека критичките изјави на американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс и објавите на претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи веќе не се поединечни испади, туку станале дел од „доктрината на САД“.

„Треба да го согледаме тоа и да делуваме соодветно“, рече Кошта. „Европа мора да разбере дека односите меѓу сојузниците — и самите алијанси создадени по Втората светска војна — веќе не се исти.“

Во суштината на неговата порака стои одбивањето на Европската унија да прифати надворешен политички притисок. Кошта беше јасен:

„САД не можат наместо европските граѓани да одлучуваат кои се добрите или погрешните партии“, алудирајќи на делот од американската стратегија кој зборува за поддршка на „патриотски европски партии“.

Тој додаде дека новиот американски пристап покажува подлабока промена: отстапување од мултилатерализмот, слабеење на поддршката за поредокот заснован на правила и напуштање на климатската политика како глобален приоритет. „Имаме разлики во светогледите“, предупреди.

Кошта отворено ја бранеше и регулаторната независност на ЕУ, вклучително и високата казна што Европската комисија минатата недела ја изрече на социјалната платформа Х (поранешен Твитер) согласно Законот за дигитални услуги. Тој ги отфрли критиките од Вашингтон и од американските технолошки компании, нагласувајќи дека европските регулативи се дел од демократскиот модел на ЕУ.

„САД не можат да ја заменат европската визија за слободата на изразување“, рече Кошта. „Нашата историја нè научи дека нема слобода на говор без слобода на информирање. А слобода на информирање постои само таму каде што има почитување на плурализмот.“

Тој додаде: „Нема да има слобода на говор ако слободата на информирање на граѓаните се жртвува за да се одбранат технолозите-олигарси од САД“, пренесува Политико. 

Преземено: Цивил Медиа

Tags: КоштаСАД
Next Post

Трамп најавува извршна уредба за единствена регулатива за ВИ

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk