ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Од почетокот на месец декември 18.318 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 123 лица за безобзирно управување на возило

December 29, 2025 10:22
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Фото: Фејсбук на МВР

Фото: Фејсбук на МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 01.12.2025-28.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, три за возење во забранет правец.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец декември евидентирани се 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 679 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 18 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 415 пешаци. Исто така санкционирани се 1.046 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 322 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 172 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 101 возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Tags: МВР
Next Post

Најмалку 16 загинати во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk