ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Љубчо Георгиевски за Рацин.мк: Апсурдниот национализам нè држи надвор од ЕУ

December 29, 2025 13:57
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Рацин.мк

Фото: Рацин.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во интервју за Рацин.мк, вели дека членството во ЕУ е „круната“ на државната стратегија по НАТО и дека скепсата дека ЕУ не сака проширување повеќе не држи вода, затоа што Брисел јавно споменува конкретни времески рамки за Црна Гора и Албанија. Според него, Македонија, иако долго време „најмногу давала“ на европскиот пат, сега самата го кочи процесот, и тоа токму во момент кога не се бараат дополнителни отстапки од размерите што се правеле во минатото.

Тој го оценува „францускиот предлог“ како јасен и прецизен, тврдејќи дека со него фактички се напушта ригидната линија во бугарската политика дека Македонците до 1945 биле Бугари, а потоа станале Македонци. Георгиевски смета дека во Македонија недоволно се признава значењето на тоа што истиот рамковен пристап беше изгласан и во бугарскиот парламент, па наместо како дипломатска победа, бил интерпретиран како пораз.

Според него, ставовите на актуелната власт кон предлогот со текот на времето станале построги и „еволуирале“ од прифаќање на уставни измени со резерви кон протоколите, до позиција во која проблем стануваат и протоколите и внесувањето на Бугарите во Уставот, а во најновата фаза и поставување услови кон ЕУ и Бугарија. Тој заклучува дека таквата динамика покажува отсуство на сериозна политика за надминување на последната пречка на европскиот пат.

Како причини посочува, прво, дека отпорот можеби започнал како дневнополитичка реторика од опозициски период, која подоцна се префрлила и во владејачка политика. Второ, тој сугерира дека дел од политичките елити покажуваат тенденција да се „додворуваат“ на српската политика и концептот на „српски свет“, со што Македонија се позиционира зад Србија, наместо да ја забрза сопствената европска агенда.

Георгиевски пошироко го критикува популистичкиот национализам како ирационален и штетен, наведувајќи дека во различни периоди тој се манифестирал како антикизација, како антиалбанска реторика и како постојано создавање „фронтови“ против сите, освен против она што тој го гледа како реален ризик. Според него, таквото „билдање“ внатрешен рејтинг на сметка на националниот интерес води кон стагнација и губење позиција, додека државата останува надвор од ЕУ додека соседите напредуваат.

Во однос на Бугарија, тој вели дека по „францускиот предлог“ провокативната реторика од бугарска страна е намалена, но дека проблем останува во „тоталната неактивност“ кога се работи за економски, културни и инфраструктурни проекти. Тој критикува дека Бугарија е автопатски поврзана со сите соседи освен со Македонија и дека на Коридор 8 реалните чекори се слаби, вклучително и за железницата и граничната инфраструктура.

Како контраст, тој ја издвојува Албанија како пример за динамичен развој и инфраструктурно поврзување со Македонија, наведувајќи дека земјата направила голем економски исчекор и дека според статистики го надминала македонскиот БДП. Георгиевски смета дека токму инфраструктурата и економската моќ ја даваат политичката тежина, а во домашниот контекст предупредува дека задолжувањата за функционирање на буџетот создаваат товар што ќе падне врз идните генерации, за разлика од соседите кои градат со европски средства.

Tags: Љубчо Георгиевски
Next Post

Земјоделците ги блокираа автопатите меѓу Атина и Солун

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk