ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР – Што точно се забранува и каде

January 12, 2026 10:17
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.

Најрестриктивниот антипушачки закон досега: Што точно се забранува и каде

Со новиот Предлог-закон за заштита од пушење, државата предлага радикално заострување на правилата за употреба, продажба, промоција и прикажување на тутун и никотински производи. Ако биде усвоен, овој закон ќе значи целосна промена на јавниот простор, но и на медиумската, културната и комерцијалната сфера. Во пракса, ова е најсеопфатниот и најрестриктивниот антипушачки режим што Македонија го имала досега.

Целосна забрана за пушење – речиси насекаде

Законот воведува апсолутна забрана за пушење (вклучително и електронски цигари, загреан тутун и слични уреди) во речиси сите затворени и полуотворени простори.

Пушењето се забранува во сите здравствени установи, установи за социјална заштита, градинки, училишта, факултети, студентски домови, културни и спортски објекти, државни институции и објекти на локалната самоуправа. Забраната важи и за сите работни места, без исклучок – канцеларии, фабрики, магацини, ходници, лифтови, чекални, тоалети, па дури и службени возила.

Дополнително, пушењето е забрането во целиот јавен превоз – автобуси, такси, возови, авиони, жичари, ски-лифтови – како и на автобуските и железничките станици, аеродроми и пристаништа. Новина е и експлицитната забрана за пушење во приватно возило доколку во него има дете.

Угостителството под целосна рестрикција

Една од најзначајните промени е целосната забрана за пушење во угостителските објекти за исхрана и сместување – ресторани, барови, кафеани, меани, кантини, хотели и слично.

Пушењето не е дозволено ниту во внатрешните простории, ниту во класичните затворени тераси. Законот дозволува пушење само на строго дефинирани отворени простори, кои мора да бидат физички одделени и отворени најмалку од три страни, без стакла, фолии или други прегради. Со ова практично се укинуваат „квази-терасите“ што досега функционираа како затворени пушачки простори.

Забрана во станбени згради и заеднички простории

Пушењето се забранува и во заедничките делови на станбените згради – лифтови, светларници, заеднички ходници, котларници и други простории. Со тоа, законот директно навлегува и во секојдневието на станарите, со цел заштита од пасивно пушење.

Забрана за рекламирање – без исклучоци

Законот воведува целосна забрана за директно и индиректно рекламирање на тутун и никотински производи. Ова опфаќа класични реклами, попусти, наградни игри, бесплатна дистрибуција, купони, бренд-подароци, спонзорства, инфлуенсерски содржини и онлајн промоции.

Забрането е дури и користење на имиња на брендови од тутунската индустрија при хуманитарни, културни или спортски активности. Практично, тутунската индустрија се брише од јавниот промотивен простор.

Пушењето исчезнува и од медиумите

Една од најстрогите и најконтроверзни одредби е забраната за прикажување пушење во медиумска и уметничка содржина. Пушењето и никотинските производи не смеат да се прикажуваат во телевизиски програми, филмови, серии, театар, радио, подкасти, видеа на интернет и содржини на инфлуенсери.

Исклучок постои само за уметнички дела наменети за возрасни, но и тогаш мора задолжително да се прикажува предупредување дека пушењето е штетно за здравјето. Со ова, законот директно влијае врз медиумската и културната продукција.

Продажбата строго ограничена

Продажбата на тутун и никотински производи се забранува во здравствени, образовни, културни и спортски објекти, во државни институции, на пазари и саеми, во угостителски објекти, на плажи, паркови и на сите јавни настани.

Се укинува продажбата на цигари „на парче“, се забранува онлајн продажба и продажба преку автомати. Производите не смеат да бидат изложени – мора да се чуваат во затворени шкафови, без осветлување и без визуелна промоција.

Апсолутна забрана за ароми и вкусови

Законот воведува целосна забрана за ароматизирани тутунски и никотински производи – вклучувајќи ментол, овошни, слатки и сите други вкусови, освен природниот тутунски вкус. Забраната важи и за електронски цигари, течности, загреани тутунски производи и бездимни никотински производи.

Скриншот од член 9 од предлог-законот против пушење

Казни и затворање објекти

Прекршителите се соочуваат со високи парични казни – од 2.000 до 5.000 евра за правни лица, до 2.000 евра за одговорни лица, и казни за физички лица од 100 до 300 евра. Во случај на пушење во забранет простор, инспекторите можат да изречат привремена забрана за вршење дејност – до три месеци за правни лица.

Доколку биде усвоен во оваа форма, Македонија ќе влезе меѓу земјите со најстрога регулатива за пушење во Европа – со сериозни последици за угостителството, тутунската индустрија и навиките на граѓаните.

Алиу: Отвораме јавна расправа пред неговото усвојување, намерата не е казнување, туку превенција

-Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани, оценува министерот за здравство, Азир Алиу.

Целта на новите законски измени, се посочува, е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.

-Со овој закон, испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од било кој комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор. Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на Рамковната конвенција на Светската здравствена организација, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Редакција Фронтлајн

Tags: казнипредлог законпушење
Next Post
Фото: МИА

Почнува „Вевчанскиот карневал 2026“ со концерти на популарна музика

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk