ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Што сè порача Трамп во долгото обраќање во Давос

January 21, 2026 16:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Трамп во Давос 2026. Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Трамп во Давос 2026. Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп настапи на Светскиот економски форум во Давос со долг и фрагментиран говор во кој ги сумираше првата година од својот втор мандат, истовремено испраќајќи пораки до Европа, сојузниците во НАТО, светските пазари и геополитичките конкуренти. Обраќањето беше мешавина од самопофалби за американската економија, остри критики кон Европската унија и провокативни изјави за клучни меѓународни прашања.

Од економијата и царините, преку климатските политики, миграцијата и енергетиката, па сè до Украина, Гренланд и Венецуела, Трамп ја искористи сцената во Давос за да ја наметне својата визија за глобалниот поредок – со јасна порака дека САД, според него, повторно се во центарот на светската моќ.

„Феноменални вести“ по првата година од вториот мандат

Американскиот претседател Доналд Трамп го започна своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос со, како што рече, „феноменални вести“ за првата година од неговиот втор мандат, пофалувајќи ги економските резултати на САД по неговиот реизбор.

Трамп изјави дека американската економија доживеала „најдраматичен пресврт“ во историјата на земјата, оценувајќи дека растот е постигнат за исклучително краток период. „Кога Америка цвета, целиот свет цвета“, порача тој, додавајќи дека не очекувал резултатите да дојдат „толку брзо“.

Европа „не се движи во вистинската насока“

Трамп  изјави дека Европа „не се движи во вистинската насока“, оценувајќи дека делови од континентот „повеќе не се препознатливи“.

„Ја сакам Европа и сакам Европа да напредува, но таа не оди во правилна насока“, рече Трамп, додавајќи дека, според него, ситуацијата е последица на „неконтролирана масовна миграција“ и „бесконечен увоз од странство“.

Трамп се фали со кратењето на федералната влада

Откако ја критикуваше Европа, Трамп продолжи со пофалби за, како што рече, длабоките кратења на федералната влада, поради кои цели агенции, како што е УСАИД, целосно исчезнале.

Тој ги истакна дерегулацијата и ниските даноци како клучни достигнувања во првата година од неговиот втор мандат.

„Кога САД растат, вие следите“

Доналд Трамп изјави дека неговите „реципрочни царини“ не ѝ наштетиле на американската економија и дека, напротив, поттикнале склучување низа трговски договори.

„Сите дојдоа да направат договор“, рече Трамп. „Кога Соединетите Држави одат нагоре, вие следите. Навистина станува стабилно.“

Трамп ги напаѓа климатските и енергетските цели на ЕУ

Претседателот на САД остро ги критикуваше напорите на Европската унија за развој на обновливи извори на енергија и за постигнување јаглеродна неутралност до 2050 година, нарекувајќи ги „зелена нова измама“.

Во своето обраќање, Трамп изјави дека „ја сака Европа“, но додаде дека жали што континентот, според него, „не се движи во вистинската насока“.

Американскиот претседател повторно ги изнесе своите добро познати критики за ветерниците, опишувајќи ги како последица на, како што рече, „зелената измама“ што имала „катастрофални“ последици за енергетскиот микс на Европа.

„Ветерници насекаде низ Европа, ветерници насекаде“, изјави Трамп. „Се уништуваат самите себе, овие убави места.“

Тој изјави дека Европа располага со едни од најголемите енергетски резерви во светот, како што е Северното Море, но ги критикуваше европските законодавци затоа што, според него, одбиваат да ги користат.

Трамп истакна дека континентот се соочува со „катастрофално високи цени на енергијата“ бидејќи креаторите на политики во ЕУ одбиваат да ги експлоатираат резервите на фосилни горива.

„Не им дозволуваат никому да дупчи во Северното Море поради еколошките стандарди“, рече Трамп.

„Ниту една држава, освен САД, не може да го обезбедува Гренланд“

Американскиот претседател изјави дека прашањето за Гренланд е поврзано со националната безбедност и дека САД се единствената земја способна да го „обезбеди“ островот.

Тој рече дека има „огромна почит и кон народот на Гренланд и кон народот на Данска“, но додаде:

„Факт е дека ниту една држава, ниту група држави, не е во позиција да може да го обезбеди Гренланд, освен САД.“

„На САД им е потребен Гренланд за стратешка национална безбедност“

Доналд Трамп изјави дека на Соединетите Држави им е потребен Гренланд поради „стратешка национална безбедност и меѓународна безбедност“.

„Овој огромен, необезбеден остров всушност е дел од Северна Америка“, рече Трамп. „Тоа е наша територија.“

Тој додаде дека бара „итни преговори“ за да се дојде до преземање на островот.

„Европа има избор околу Гренланд – да каже да или не“

„Ни треба парче мраз за заштита на светот, а тие не ни го даваат“, рече Доналд Трамп, зборувајќи за Гренланд.

„Тие (Европејците) имаат избор: можете да кажете да и ние ќе бидеме многу благодарни, или можете да кажете не – и ние ќе запаметиме“, изјави Трамп.

„Венецуела „ќе оди фантастично добро“ по интервенцијата на САД“

Доналд Трамп изјави дека Венецуела тргнала по „вистинскиот пат“ по апсењето на нејзиниот лидер, Николас Мадуро, претходно овој месец, припишувајќи го тоа на соработката со Соединетите Држави.

„Венецуела ќе оди фантастично добро“, рече Трамп, тврдејќи дека „минатата недела“ САД добиле „50 милиони барели нафта“ од земјата.

Тој додаде: „Ја цениме целата соработка што ја даваме“, тврдејќи дека по завршувањето на нападот Венецуела ќе „заработи повеќе пари во следните шест месеци отколку што заработила во последните 20 години“.

Трамп исто така изјави дека раководството на Венецуела „било многу паметно“.

„Европа не ја цени поддршката на САД за Украина“

Доналд Трамп повторно се осврна на војната на Русија против Украина, повторувајќи ја својата тврдење дека Владимир Путин никогаш немало да ја започне инвазијата доколку тој бил на власт.

Тој изрази жалење што веќе „една година“ работи на решавање на војната, но сè уште не успеал во тоа. Потоа додаде дека американската финансиска и воена помош завршува кај „луѓе кои не го ценат тоа што го правиме“, мислејќи на НАТО и Европа.

„Тие треба да работат на Украина. Ние не. САД се многу далеку“, изјави Трамп.

Трамп најави средба со Зеленски денеска

Американскиот претседател изјави дека подоцна денеска во Давос ќе одржи средба со својот украински колега, Володимир Зеленски.

Најавата ја даде откако ѝ се обрати на публиката со зборовите:
„Разговарам со претседателот Путин и тој сака да направи договор, и разговарам со претседателот Зеленски и тој сака да направи договор.“

Зеленски вчера изјави дека не планирал да присуствува на Светскиот економски форум доколку не се постигне дополнителен напредок околу мировниот план во 20 точки, на кој работат Украина и САД, или доколку не обезбеди дополнителна енергетска или воздушна одбранбена поддршка.

Трамп ги меша Исланд и Гренланд

Доналд Трамп се чини дека ги помеша Исланд и Гренланд, при што зборуваше за островот што сака да го преземе.

Тој изјави дека пазарот паднал во вторникот „поради Исланд“, иако во тој период немало никакви настани поврзани со Исланд.

„Што по ѓаволите му се случи на Макрон?“

Трамп изјави дека го гледал говорот на францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Давос „со тие убави очила за сонце“, додавајќи: „Што по ѓаволите се случи?“

Ништо драматично. Според француските медиуми, Макрон носел авијаторски очила за сонце поради субконјунктивално крвавење – пукање на крвен сад во заштитното ткиво што го покрива окото.

Трамп ја исмева Швајцарија, земјата домаќин

Доналд Трамп јавно ја исмеваше Швајцарија, земјата домаќин на Светскиот економски форум. Тој раскажа за телефонски разговор со поранешната претседателка на Швајцарската конфедерација, Карин Келер-Сутер, откако американската администрација вовела царина од 39 отсто за швајцарските производи, како дел од минатогодишните „реципрочни царини“.

„Таа многу се повторуваше: ‘Не можете да го направите тоа, ние сме мала земја’“, рече Трамп, имитирајќи ја швајцарската лидерка. „Можеби сте мали, но имате голем дефицит“, додаде дека ѝ одговорил.

„Искрено, ме иритираше“, рече тој. „Тогаш сфатив дека САД го држат целиот свет на нозе.“

Трамп го заврши разноликиот говор со порака: „САД се вратија. Поголеми и посилни.“

„Многумина во оваа сала се вистински пионери. Навистина брилијантни луѓе. Самото тоа што сте успеале да добиете билет е брилијантно, бидејќи има околу 50 луѓе за секое место“, рече Доналд Трамп за присутните. „Вие сте најголемите умови насекаде во светот.“

„Иднината е неограничена и во голема мера благодарение на вас. И мора да ве заштитиме и мора да ве негуваме. Мора да ги негуваме нашите брилијантни луѓе, бидејќи ги нема многу.“

„Да ги издигнеме нашите луѓе, да ги растеме нашите економии, да ја браниме нашата заедничка судбина и да изградиме иднина за нашите граѓани што е поамбициозна, повозбудлива, поинспиративна и поголема од сè што светот досега го видел. Ние сме во позиција да направиме работи што никој никогаш не ги замислувал.“

Говорот го заврши со зборовите:
„Соединетите Држави се вратија. Поголеми, посилни и подобри од кога било досега. И ќе се видиме наоколу. Ви благодарам на сите многу.“

Ј. Ѓорѓиоски

 

Tags: ДавосТрамп
Next Post

ЦИВИЛ повика на солидарност: Топлина за Украина

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk