ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Џелал Хоџиќ за „Локално“: Македонија е во самоубиствена изолација – за нас веќе не зборуваат ниту ЕУ ниту САД

January 23, 2026 13:07
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, во анализа за порталот „Локално“ предупредува дека Северна Македонија се наоѓа во длабока геополитичка и економска изолација, како резултат на, како што оценува, погрешната и неодговорна надворешна политика на актуелната власт.

„Денес за нас никој не зборува ниту во ЕУ, ниту во САД. Едноставно креваат раце од нашата држава, затоа што Македонија се одлучи на самоубиствена изолација“, вели Хоџиќ за „Локално“.

Според него, стратешките цели на државата се јасни уште од независноста – демократија, економски развој и членство во НАТО и ЕУ – но актуелната власт, наместо да го заокружи европскиот пат, свесно ги заладува односите со Европската унија.

„Имаме Влада која создава перцепција дека Македонија е жртва на заговор од ЕУ, а притоа гради регионални партнерства со авторитарни лидери како Орбан и Вучиќ, кои на целиот свет му се познати како прокси на Русија“, оценува Хоџиќ.

Тој нагласува дека Македонија нема потреба да бира меѓу САД и ЕУ, туку дека историски имала „кредит“ за политика „и САД и ЕУ“, кој сега се троши со, како што вели, политиката на „новото нормално“.

„Никој од нас не бара политика ‘или САД или ЕУ’. Напротив, поради многу компромиси во минатото, имавме комотна позиција за ‘и САД и ЕУ’. Со оваа неодговорна политика, фактурата ќе ја платат граѓаните, а не владејачката елита“, предупредува тој.

Во анализата за „Локално“, Хоџиќ потсетува дека и САД и ЕУ имаат идентични очекувања од Македонија – намалување на руското и кинеското влијание и заокружување на европскиот процес преку уставни измени.

Како дополнителен аларм, тој ја посочува економската состојба во земјата, која, според него, е полоша од таа во повеќето држави од регионот.

„Денес во Скопје се живее полошо отколку во Сараево, Приштина, Тирана или Подгорица. Тоа е цената на долгогодишната изолација – прво поради спорот со Грција, а сега и поради спорот со Бугарија“, вели Хоџиќ.

Тој смета дека Македонија не може да „седи на две столчиња“, модел кој, според него, веќе не функционира ниту за Србија, која, како што наведува, плаќа цена за долгогодишното балансирање меѓу Западот и Русија.

„Ниту можеме да седиме на две столчиња, ниту ароганцијата и ставањето на проблемите под тепих можат да донесат подобро утре“, оценува претседателот на СДА Македонија.

Хоџиќ е дециден дека најголемата закана за државата денес не е безбедносна, туку економска.

„Нашата најголема закана е економското заостанување и самоизолацијата. Таа во иднина може да произведе и сериозни безбедносни ризици“, предупредува тој.

Во заклучокот на анализата за „Локално“, Хоџиќ порачува дека единствениот рационален избор за Северна Македонија е јасно позиционирање на страната на Западот – Вашингтон, Брисел, Берлин и Лондон – и итно деблокирање на европскиот пат, бидејќи, како што вели, секоја година надвор од ЕУ значи директна штета за граѓаните и државата.

Tags: анализаЕУМакедонијаСАДЏелал Хоџиќ
Next Post
ВИ

„Оне Македонија“ и официјално трет мобилен оператор

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk