ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Фаличноста што создава монструми

March 3, 2026 09:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФЕМИНА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

Секогаш кога ќе се случи огромна трагедија чии последици ни се претешки за да ги „свариме“, прстот е вперен кон системот…

Да, во системот се создаваат монструми и во системот, во сите негови недостатоци, се овозможува на монструмите да им се прогледува низ прсти и така тие да прават монструозни дела.

Но, монструмите не се создаваат поради недостатоците или пропустите. Тие се плод на длабоко вкоренета фаличност, фаличност која не се ни препознава како таква, зашто дава некакви удобности и поволности за голем дел од граѓанството.

Тоа е фаличноста на „умерената“ корупција, на „мене ако ми се заврши работа, нема да е крај на свет“ начин на размислување.

Но, и фаличноста на работење по принцип на минимален влог, минимално постапување согласно ингеренциите, „ради реда“, онолку колку што мора согласно законите и правилниците кои ја регулираат работата на МВР, ЦСР итн.

Тоа е и фаличноста на малограѓанската осуда на сѐ и секоја личност што е по некоја основа маргинализирана, различна, поинаква од она што го налагаат конформистичките стандарди.

Ако сме целосно искрени сами со себе, таа малограѓанска осуда и ориентација е коренот на институционалниот гнилеж.

Тоа апсолутно немање волја да прифатиме дека мораме не да ги менуваме, туку целосно да ги искорениме штетните навики, ставови и размислувања. Оти без тие промени, трагедиите ќе ни се повторуваат и зголемуваат.

Денеска ни се случи ужасна трагедија во која мајка и ќерка, жртви на родово базирано насилство, загинаа под сѐ уште нецелосно расчистени околности.

Верувам дека уште од првото читање на насловот попладнево, кога немаше никакви дополнителни информации, освен таа дека се случила несреќата, на сите им беше јасно и очекувано дека се работи за некаква форма на родово базирано насилство.

Тоа не нѐ изненади, исто како што нема да нѐ изненади и кога ќе слушнеме дека надлежните институции не постапувале навремено или доволно, исто како што нема да нѐ изненади кога ќе слушнеме дека била барана помош од жртвите, исто како што нема да нѐ изненади кога ќе слушнеме дека чинови на рушење јавен ред, па ни насилства од насилникот не биле санкционирани…

И нема да нѐ изненади ниту молкот од оние кои се први да се побунат да се препознае род и родов идентитет како основа за дискриминација, кои во борбата за зачувување на старинското, забораваат на човечното.

Како што нема да нѐ изненади површинската анализа, без сеопфатно истражување и известување за причините и последиците од повеќедецениското дејствување на ретроградни сили, но и неуспешните обиди на критична маса да создава корисни политики.

Не изненадува ниту ова сеопшто згрозување од системот, од таа апстрактна, неопиплива креатура, ниту бегството од вперување прст кон конкретните виновници, оние со име и презиме, оние со конкретна функција и одговорност, како институционална, така, па и уште повеќе, и општествена.

Родово базираното насилство е епидемиски проблем кој со децении се провлекува низ општествово.

За да го решиме, мораме сите заедно прво да прифатиме дека проблемот постои, дека е длабоко вкоренет во основните општествени клетки, од семејството, преку комшилукот, во образовниот процес, па во институциите.

За да го решиме, мораме сите заедно да прифатиме дека мораме да се менуваме, дека различностите не се повик за насилство, дека негувањето култура на омраза не завршува само во говорот, туку создава многу конкретни монструми, од кои потоа е претешко да се спасуваме.

Во предвечерјето на Осми март, реалноста ни удира уште една силна шлаканица.

Шлаканица која треба да нѐ освести дека ниту „се претера со феминизмот“, ниту родовата рамноправност се исполнува со „жени во политиката“ и други такви самозалажувачки одвлекувања на вниманието.

Шлаканица после која треба да речеме „доста е, ова веќе нема да го трпиме!“

Кој знае. Можеби некогаш и ќе се освестиме.


Текстот е личен став на Авторката

Next Post
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР: Евакуација во првата безбедна прилика на 473 македонски државјани што побарале помош од ДКП во Израел, Катар и ОАЕ

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk