ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Пукање на новинарската вечера во Белата куќа, Трамп не e повреден

April 26, 2026 10:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

Share on FacebookShare on Twitter

Традиционалната вечера на дописниците од Белата куќа во Вашингтон се претвори во сцена на хаос и паника откако синоќа околу 20:35 часот по локално време беа истрелани неколку куршуми. Американскиот претседател Доналд Трамп е неповреден и веднаш бил евакуиран на безбедно во Белата куќа, додека Тајната служба брзо го совладала и привела осомничениот напаѓач.

Инцидентот се случи во свечената сала додека присутните, меѓу кои високи државни функционери и новинари, во паника се криеле под масите. Според изјавата на Трамп, еден припадник на Тајната служба бил застрелан од непосредна близина, но животот му го спасил заштитниот елек. Потпретседателот Џеј Ди Венс исто така бил итно извлечен од салата за време на паниката на сцената.

Осомничениот идентификуван, цел биле функционери на администрацијата

Американските медиуми го идентификуваа напаѓачот како Коул Томас Ален (31) од Торанс, Калифорнија. Според извори на CBS News, Ален им изјавил на властите дека негова цел биле функционери од администрацијата на Трамп. ФБИ и полицијата веќе вршат претрес на неговата адреса во Калифорнија, а се очекува тој официјално да биде изведен пред суд во понеделник.

Здружението на дописници од Белата куќа соопшти дека вечерата ќе биде одложена за друг термин. Самиот Трамп по инцидентот објави снимка на која се гледа како напаѓачот поминува покрај обезбедувањето, додавајќи дека „се борел како ѓавол“ за да остане на настанот и покрај опасноста.

Светските лидери со осуда за нападот

Веста за пукањето предизвика брзи реакции од светските метрополи. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека е шокиран од сцените во Вашингтон и нагласи дека секој напад врз демократските институции и слободата на медиумите мора најостро да се осуди. Слични пораки на поддршка и олеснување што претседателското семејство е на безбедно испратија и канадскиот премиер Марк Карни, австралискиот премиер Ентони Албанезе и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Индискиот премиер Нарендра Моди, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф и мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум исто така упатија желби за брзо закрепнување на повредениот агент и порачаа дека на политичкото насилство не му е место во демократијата.

Ј. Ѓ.

Tags: Бела КуќанападТрамп
Next Post

Николоски: Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk