На кој Мицко да му верувам – на Мицко за по надвор, или на оној Мицко за дома, прашува Даниела Јашкова.
Ако веќе се декларирам како лидер на најголемата десница во Македонија, тогаш така би се однесувала и на спиење затоа што се друго е чиста хипокризија и проституција.
Интересен феномен е човекот кој дома ја бакнува земјата, коленичи по бините и им вбризгува адреналин директно у вена на варџајнската раса за да се борат против надворешните и внатрешните окупатори на Македонија, а надвор се однесува како Мадам вадејќи ги најдобрите работнички на бина со комлетно сиви и минат труд.
Тука нешто не е како шо треба си велиш.
Уште потрагично е кога си неспособен да прочиташ провокација и јасно ставање до знаење дека си инфериорен на масата и служиш за петминутен спаринг партнер на слично копито кое те шамара пет минути без престан за да си ги истресе насобраните фрустрации.
И не. Не можеш се да препишеш на водење политика затоа што ставот кој го застапуваш е дијаметрално спротивен на ваквиот Исусов пристап за решавање на проблемите. Е сега, какво алиби спремаш пред твојата верна домашна и подивена клиентела ми е прашањето. Како ќе ме убедиш да те следам во обновата на Македонија кога сладолед не јадам пред јуни, а лидерот кој треба да ме поведе во света војна против предавниците е обична кокета?
Ај смисли нешто, но гледај да биде добро.