ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Се интензивираат преговорите со Бугарија, деновиве размена на предлози за Акцискиот план, Албанската војска помага поради поплавите предизвикани од поројните дождови

January 11, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија се договорија претстојниве денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна со цел да се најде начин да се зајакне неговата имплементација и ефикасност. Со тоа од МНР очекуваат да се врати довербата во Договор и во процесот на дијалог меѓу двете земји за отстранување на разликите и најавуваат дека специјалниот претставник Владо Бучковски често ќе патува за Бугарија со цел следење на Акцискиот план и поттикнување на соработката на сите нивоа.

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје денеска организира онлајн научен собир на тема „Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи“. Децата со посебни потреби се најчувствителна и најранлива категорија, и мошне е битно нивното воспитување и образование и тоа уште од најран период. За таа цел, потребна е и неопходна постојана грижа и едукација за нив, која им ја пружаат воспитно-образовните установи, т.е. детските градинки и училиштата. Со добра и осмислена воспитно-образовна стратегија и програма, децата се учат да читаат и пишуваат, но и се социјализираат и осамостојуваат, информираат од Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје. 

Поради одрони и паднати дрвjа на патот од вчера од 18.30 часот е воведена забрана за движење за сите типови на моторни возила на патниот правец од Мавровска крстосница до Дебар, информира АМСМ. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, предивикани од врнежи од дожд кои ја имаат зафатено територијата на целата држава.

Основното јавно обвинителство во Велес до Основниот суд Велес поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, двајцата обвинети на 16 јануари минатата година околу 9:15 часот не се придржувале кон сообраќајните прописи и предизвикале верижна сообраќајна несреќа со која го довеле во опасност животот и телото на други луѓе.

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка бара обештетување и на правните лица. Покрај депозити, најголем дел од фирмите ги користеле и услугите на сега пропаднатата Еуростандард банка за тековен платен промет. Со пропаѓањето на банката и тие средства на тековни сметки на фирмите им се заробуваат во целост, а има и повеќе случаи на фирми коишто примиле уплата на нивни фактури на самиот ден на затворање на банката, некои од нив и со суми од стотици илјади евра.

На денешен ден Во Скопје е роден Славко Јаневски, поет, романсиер, писател за деца, сценарист, сликар и академик. Во 1945 година излегла неговата прва книга поезија „Крвава низа“. Неговото книжевно дело е богато и разновидно. Позначајни дела: “Село зад седумте јасени“, „Две Марии“, „Тврдоглави“, „Деветте Керубинови векови“, „Каинавелија“, „Зад тајната врата“ и други. Носител бил на највисоки македонски и бившојугословенски книжевни и државни награди. Умрел во Скопје, на 30 јануари 2000 година.

Албанската војска ги снабдува со храна и вода домаќинствата во северозападниот дел на Албанија, кои се изолирани поради поплавите предизвикани од поројните дождови. Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека најмалку 36 семејства се евакуирани од областите Леж и Драч, како и домови на уште околу 20 граѓани за кои е утврдено дека веќе не се „употребливи“ по оштетувањата во поплавите. Властите тврдат дека се поплавени 7.450 хектари земјиште во Скадар, Леж и Драч, некои мостови во руралните области се уништени, а некои патишта се времено блокирани поради лизгање на земјиштето. До некои села може да се пристигне само со воени камиони или мали чамци.

 

М.М.
Next Post

Собранието и официјално започнува со редовни активности по новогодишните и божикните празници

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk