Лекот „Ивермектин“ од денеска е достапен за граѓаните во аптеките, информира Министерството за здравство. Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист.
Речиси три четвртини од американските гласачи сметаат дека демократијата им е под закана, по смртоносниот напад на толпата врз американскиот Капитол, покажа најновото истражување на Универзитетот Квинипек.
Затворен угостителски објект во Скопје, приведени 47 лица. Полицијата заедно со претставници од Државниот пазарен инспекторат синоќа во 22 часот извршиле контрола и затвориле угостителски објект лоциран на улица „Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје, кој работел по 18 часот.
ССМ со предлози за петтиот пакет мерки, субвенции за плата директно на сметките на работниците.
Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија.
Трамп ги обвини Антифа за упад во зградата на Капитол Хил, Макарти му возвратил – тоа беа приврзаници на МАГА. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп во приватен разговор со лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом на Конгресот, Кевин Макарти, го обвини лево ориентираното движење Антифа за минатонеделниот упад во зградата на Капитол Хил.
ФРОНТ: Короната во Македонија попушта – треба ли да се опуштиме?, пишува Сашо Орданоски.
Парламентарните партии кои освоија најмногу гласови на минатите избори СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ до претседателот на Собранието доставија инфомации со поддршка за кандидатите за членови на Државната изборна комисија (ДИК). ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти дека Александар Даштевски ќе го предложи за престедател на ДИК.
Социјалната мрежа „Фејсбук“ со новиот редизајн ја отстранува опцијата „лајк“ од страниците на брендови, јавни личности и уметници, се вели во соопштението објавено на блогот на компанијата. Отсега па натаму, фокусот ќе биде само на следбениците.
Казните за прекршоци против животната средина се зголемени до 20 пати, воведена е 24 часовна контрола на Државниот инспекторат за животна средина и на локалните инспекторати, соопштуваат од СДСМ.
Компанијата „Модерна“ соопшти дека имунитетот на коронавирусот создаден од нејзината вакцина треба да трае најмалку една година.
Ј. Ѓ.