Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска одржа координативен состанок со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец, на кој се анализираа наодите во нацрт извештајот на Реактивната мисија на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Со раст на светската популација и преселба во градовите, се создава потреба од нови градови, опремени со висока технологија, кои на луѓето ќе им обезбедат простор за живот и работа во што е можно поеколошко опкружување. Ова се дел од градовите кои полека се создаваат и почнуваат да личат на нови урбани смарт – метрополи.
Автопатот Скопје – Штип беше отворен пред година и половина, во јуни 2019-та, од тогаш до јануари годинава десетици илјади возила поминале по новиот асфалт, но не платиле ниту денар патарина.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски му порача дека е подготвен низ трансперентна постапка да бидат отворени сите прашања од надворешната политика, и при тоа побара од него да ја закаже и седницата на која кандидатите за амбасадори ќе можат да ги презентираат тезите пред пратениците за да можат да заминат во извршување на своите мисии во ДКП-та.
Денес шетав низ Скопје и толку многу си замислував дека сум во Берлин, град во кој бев едно со сите луѓе на светот.Одеднаш полека цупкав низ кичестиот плоштад кој сведочи за ужасите што ги доживеавме како народ, па полека продолжив долж камениот мост – Мостот што го спојува Скопје од двете страни, преку Вардар.Камења кои сведочат за историја, спојување и истрајност.
Локалните избори се пред нас и веќе од пролет ќе почнат калкулациите меѓу сите политички партии и ќе се „вжешти“ политичката атмосфера. Ние како Министерство, но и како партија се залагаме на локалните избори граѓаните да одлучуваат на отворени листи, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Горан Милевски во 24 анализа на Телевизија 24.
„Никој не пријавува кога заминува и каде заминува и на која адреса живее таму каде што заминува. На крајот, никој со сигурност не може да каже дека навистина оди таму каде што ќе изјави дека оди, колку ќе остане и дали ќе се врати назад. Ние ќе ја попишеме главната категорија граѓани, оние што се државјани и се тука, како и оние со македонско државјанство, но се надвор помалку од една година, и странците кои се тука подолго од една година. Во втората категорија се оние кои се со македонско државјанство, но се надвор подолго од една година заедно со странците тука кои се помалку од една година на македонска територија.“- објасни Симовски.
Шефот на делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, смета дека процесот за проверка во правосудството и новата методологија треба да придонесе кон ефективно владеење на правото. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на започнатата филтрација во правосудството кажа дека треба да се обезбеди доверба на граѓаните во процесот на реформи, кои моментално се одвиваат во правосудството.
Инцидентот не беше направен врз полициска казна за непочитување на мерки, туку беше предизвикан од (не) луѓе на кои им е битна само политичката фотелја и рејтинг, конкретно од претседателот на опозициската партија во Вевчани, кој со неговата дружина се дрзнаа вербално да напаѓаат полициски службеници, од кои неколку беа наши, Вевчанки службенички во МВР.