ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Сексуално образование или планирање на семејство – да прочитаме за да разбереме

January 19, 2021 21:11
in ZOOM IN, КОМЕНТАРИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за семејни студии на својот фејсбук профил отвори една анкета во која постави скандалозно прашање и го израмни предметот сексуалното образование со предметот планирање на семејство и ги замоли своите следбеници да гласаат на истата. Институт за семејни студии – Institute of Family Studies  е најнов член на Филозофскиот факултет. Анкетата набрзо беше повлечена, иако не доволно брзо пред да наиде на остри критики на социјалните мрежи.

Под анкетата имаше недолични коментари кои одсликуваа говор на омраза, хомофобија и целосно неразбирање на поимот сексуално образование – па поради тоа беше избришана од нивниот профил.

„ Институтот е формиран во 2014-тата година како дванаесетиот институт на истиот факултет. Филозофскиот факултет е пионир во специјализираното проучување на семејството. Студиската програма по семејни студии е права програма од ваков тип на Балканот. Група професори, визионери ја формираале оваа студиска програма по примерите на долгогодишната традиција на   факултетите во Европа, Америка, Канада и Австралија. Во академската 2014/15 се запишале првите студенти по семејни студии”. – вака е објаснета историјата и функцијата на институтот на нивната официјална страна.

Kако главна цел на овој институт е залагање  за проучување на семејството од сите негови аспекти.

Ова отвара една интересна тема за анализирање.

Дали ние воопшто знаеме што значи предметот сексуално образование и колку ние навистина сме запознаени со тоа?

Свесни сме дека секојдневно сме жртви и сме сведоци на сексуално вознемирување, токму поради ова – поради сексуалната неписменост која ја имаме како народ – што за мене е невиден пропуст.

Во коментарите под анкетата, можеа да се прочитаат погрдни зборови за одредени групи на луѓе, целосна стигматизација, навредување на истите, говор на омраза кој потикнува насилство – само поради еден единствен факт, а тоа е не разбирање на „Сексуално образование”.

Значи да прочитаме за да разбереме: „Сеопфатното сексуално образование (ССО) подразбира  учење за когнитивниот, емоционалниот, социјалниот, и физичкиот аспект на сексуалноста. Сексуалното образование започнува рано во детството и продолжува низ адолесценцијата и зрелоста. За децата и младите луѓе има за цел поддршка и заштита на сексуалниот развој. ССО се состои од 7 компоненти: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, врски и односи, насилство и различност.”

Секако „планирање на семејство” е важен дел од сексуалното образование и секако ќе биде час и тема на разговарање.

Важно е да се потенцира дека сексуалното образование ќе создаде млади без предрасуди со отворени погледи кон модерното демократско општество и ќе го исправи искривеното огледало на вредности кое е закоравено во нашето општество од самото создавање на истото.

Ненасилство, прифаќање на себе и своето тело, почит кон другите и емпатични кон различностите, ова се дел од причините за воведување на сеопфатно сексуално образование во формалното образование.

И да се надеваме дека за 10 години од сега нема да сме сведоци на такви хомофобични и одвратни коментари кои ја уништуваат надежта дека полека стануваме нормално општество.

Владанка Димковска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk