ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Најава за автопат Прилеп-Битола, инвестираме 100 милиони евра во патиштата на Истокот, истакнува Бочварски

January 23, 2021 21:09
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Битола – Прилеп е често споменуван пат. Најавувам дека таму ќе имаме автопат, но изграден според меѓународни правила и стандарди, таму очекувам забрзани постапки, тоа би бил првиот автопат кој според планот ќе се изгради следната година, најави министерот Бочварски во гостувањето на ТВ Сител.

Инвестираме 100 милиони евра во патиштата на Истокот, се поврзуваме со соседите. Патот Градско- Прилеп е започнат одамна, имаше многу проблеми, но со задоволство најавувам дека, на правата делница, сите проблеми се надминати, работата ја презеде друга компанија и од пролет таму ќе има градежни активности , вели Бочварски

Во близина на мостот на автопатот Велес – Катланово, во водите на реката Пчиња, бил пронајден починат С.П.(73) од Катланово. Седумдесет и тригодишниот маж бил пријавен дека се оддалечил од дома на 20 јануари 2021.

Полициски службеници од Полициското одделение Галате, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, на 18.01.2021 во 23.00 часот, затвориле угостителски објект во кој биле седум лица-гости и сопственикот, по законски утврдениот временски рок за работно време.

Глобален пресврт во продажбата на електрични автомобили во светот може да се очекува наскоро, заедно со падот на цените на батериите за овие возила. Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголемила за 43 отсто, пишува „Гардијан“. 

Од денеска престана да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што повторно стапи во сила Законот за акцизи. Тоа придонесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да ги намали малопродажните цени на горивата.

Почина Лари Кинг, долгогодишниот ток-шоу водител на Си-Ен-Ен, кој стана икона преку своите интервјуа со безброј политичари, и познати јавни личности, известуваат од Си-Ен-Ен. Лари имаше 87 години.

Речиси 50 проценти од земјоделците од кумановско кои аплицирале преку програмата за рурален развој добија решенија за одобрување на трактори од Програмата за рурален развој, информираа денеска надлежните од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, регион североисток Куманово.

Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информираат од Владата.

Ј. Ѓ.

Next Post

Американската амбасадорка Брнз: Многу сум среќна што Законот за попис помина во Парламентот

НАЈНОВО

Касами го доби уверението за втор мандат, од изборните ветување тврди дека прво ќе биде реализиран бесплатен автобуски јавен превоз

November 7, 2025

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби

November 7, 2025
Македонија Членство во ЕУ

ЕУ го поздрави потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk