Во рамки на официјалната посета на Република Турција, по остварените посети на високи и значајни институции од областа на правосудството, делегацијата предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која присуствуваше и претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Зухту Арслан.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се нови 175 случаи на Ковид-19, од направени 1733 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 365 оздравени пациенти, но и седум починати лица.
Србија е прва во Европа по бројот на вакцинирани граѓани на 100 жители во последните недела дена, додека во светот го зазема престижното трето место по бројот на вакцинирани.
Повеќе од 4.100 уапсени демонстранти, меѓу кои и Јулија Навалнаја, сопругата на најгласниот критичар на руската власт Алексеј Навални, во серијата денешни протести низ Русија.
Американскиот претседател Џозеф Бајден утре ќе има обраќање во кое ќе ја претстави својата визија за надворешната политика на САД. Тоа го јави Ен-Би-Си повикувајќи се на извор од американската администрација.
М. М.




