Министерството за правда во текот на наредните денови ќе ја комплетира потребната документација за поднесување барање за екстрадација на Игор Спасов, осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, кој вчера беше уапсен во Бугарија.Ш
Претседателот Пендаровски не го изненадило ниското рангирање, зашто лани бевме на 105 место што, рече, е еднакво лош резултат и е логично зашто не може да има драстично напредок. На ДКСК и треба двапати повеќе поддршка, треба одговорност на сите носители на функции, рече тој.
Претседателот Стево Пендаровски смета дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака. Власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира, вели тој.
Една од главните заложби на новиот Народен правобранител, Насер Зибери е институцијата што ќе ја води да добие поинаков лик. Оваа изјава омбудсманот Зибери ја даде вечерва на емисијата Топ Тема на Телевизија Телма, оценувајќи дека уставно правната положба на Народниот правобранител е солидна.
Вакцината AstraZeneca е прва која ќе пристигне во земјава, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.
Владата на Република Северна Македонија на денешната 43 редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акционен план. На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад.
Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.
На состанокот што го имаа Владата и директорот на Светска Банка се дискутираше за начинот на отпочнување на „Стратегија за развој на човечкиот капитал“, како еден од приоритетите на Владата, особено во пост ковид периодот. Беше истакнато дека човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област.












































































































