„Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија“, рече премиерот Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци.
Прочистувањето во правосудството ќе трае, нема да се заврши преку ноќ, но создадени се сите предуслови за да имаме резултати. Битката не е завршена, но тргнати сме на вистински пат, рече Министерот за правда Бојан Маричиќ.
Новинарот Васко Маглешов во емисијата 24 анализа потенцираше дека имаме предмети кои 14 години се без разрешница и тоа е сериозна индикација дека нешто мора да се менува, но не да се одложува со менување.
Ако не бев оптимист немаше да стојам на ова место кај што сме сега и да ракводам со институција со која што водам. Апсолутно сум оптимист од повеќе причини, прво што нам ни е неопходно да имаме попис заради нас самите, да не ги набројувам сите причини зошто тоа е важно итн, вели Симовски.
Од 1 јули годинава ќе започне издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име. Предлог-законот на седницата помина без расправа и беше даден на натамошно постапување.
Јас сум пет месеци на позицијата министер, се прави еден обид за моја лична дискредитација, со лажни вести, интерпелација во парламент, напади врз моето семејство. Нападите со лажни вести се доказ дека реформите се успешни, вели министерот Маричиќ.
Имотот на судиите и обвинителите може да го провери Антикорупциската комисија. Ние разговаравме со претседателката на ДКСК тој процес да почне што побрзо, и комисијата ќе се вклучи на тој начин во прочистувањето на правосудството, финансиската полиција исто така, посочи министерот Маричиќ.
M. M.