Холштајн: Владата е на вистинскиот пат, во Германија јасно се гледаат напорите кои С. Македонија ги прави во енергетскиот сектор. Германија тука става 80.5 милиони евра на располагање за обновливи извори на енергија преку поволни кредити, потенцира амбасадорката Холштајн.
Заев: Заради посветеноста во зелената енергетска транзиција на располагање ни се 80,5 милиони евра за инвестиции во чиста енергија (ВИДЕО). Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјата Анке Холштајн изрази задоволство што соработката помеѓу двете држави се проширува и интензивира, овој пат во областа на енергетиката.
Заев: Мицкоски да престане да залажувa, ако има обезбедено мнозинство за предвремени парламентарни избори, бујрум, нека го покаже. Еве бевме на избори, прифативме предвремени парламентарни избори на барање на опозицијата, ја утврдивме евроатлантската агенда, завршија изборите и изгуби ВМРО-ДПМНЕ. И сега треба повторно да одиме на парламентарни избори, зашто Мицкоски така мисли, не, нема потреба и нема причини зошто да одиме на предвремени парламентарни избори.“, истакна Заев.
Нашиот став е јасен и немаме причина да се криеме позади некој си опозиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, во случајот Левица, истакна Заев. Премиерот потврди дека веќе се одржале состаноци и дека ќе бидат подготвени за имплементација на ова законско решение.







