ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Кампања „Обединет Балкан за чист воздух“ за подобрување на квалитетот на воздухот во регионот

February 18, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“ ги повикува граѓаните на земјите од Западен Балкан да се приклучат кон борбата против аерозагадувањето, со цел заедно да го подобриме квалитетот на воздухот, а преку тоа да го продолжиме и нашиот животен век.

Како што наведуваат организаторите, лошиот квалитет на воздухот е една од причините за зголемена смртност, пократок животен век и повисоки здравствени трошоци на граѓаните од Западен Балкан. Аерозагадувањето ги скратува нашите животи, а некогаш и ни ги одзема; поради неговите последици одиме почесто на доктор за да се лекуваме од разни респираторни заболувања.

-Со кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“, бараме намалувањето на аерозагадувањето да се дефинира како национален, регионален и меѓународен приоритет и интегрирано во сите процеси на планирање. Ние веруваме дека средствата за контрола на загадувањето на воздухот треба да се зголемат и треба да се воспостават системи за активно следење на загадувањето и неговите ефектите врз јавното здравје. Со цел да се подобри надзорот врз загадувачите и да се постигне подобар квалитет на воздухот, потребно е да се воспостават мултисекторски партнерства на локално, национално и регионално ниво. Спречувањето на болести предизвикани од слаб квалитет на воздухот мора да стане составен дел од политиките за животна средина и здравствена заштита, се наведува во соопштението.

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија наведува дека загадувањето на воздухот на западен Балкан, го скратува животниот век на граѓаните во просек од 0.4 до 1.3 години. Според податоците на СЗО, лошиот квалитет на воздухот во регионот предвремено одзема до 13.500 животи секоја година. Во исто време, годишните трошоци за здравствена заштита предизвикани од електрани на јаглен на западен Балкан се проценуваат на 1.2 до 3.4 милијарди евра.

Последиците од аерозагадувањето најмногу влијаат на граѓаните со понизок социоекономски статус, кои често повеќе се изложени на тоа, бидејќи живеат во области со голем интензитет на сообраќај и близу до извори на загадување како што се електрани и индустриски капацитети. Исто така, претежно сиромашните луѓе се оние кои работат тешка работа со професионална изложеност на гасови, честички, гасови и тешки метали. Кога врз сето тоа ќе се земат предвид и климатските промени кои предизвикуваат дополнително загадување, ваквите услови за живот резултираат со пократок животен век, што особено ги погодува постарите лица и децата на возраст под пет години, стои во соопштението. /МИА/

Next Post

Награда од Стопанска комора за „Брако“ за иновативност и развој во услови на пандемија

Најново

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk