ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Градскиот парк во Скопје доби тартан патека

Граѓаните на Скопје од денеска имаат можност да се рекреираат на првата тартан патека што е оформена околу малото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот, информираа од Град Скопје

November 28, 2019 17:31
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Граѓаните на Скопје од денеска имаат можност да се рекреираат на првата тартан патека што е оформена околу малото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот, информираа од Град Скопје.

Патеката е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.
„Од денеска на скопјани им ја ставаме на располагање првата тартан патека на јавен простор, во Градскиот парк околу малото езеро. Патеката има кружна форма, долга е 534 метри и ќе послужи вљубениците во трчањето, оние што трчаат на Скопскиот маратон, но и рекреативците, да ја имаат вистинската подлога за нивната активност. Ако има интерес и увидиме дека граѓаните ја користат, Градот Скопје планира ваква кружна патека да направи и околу големото езеро во Градскиот парк. Оваа патека е сместена на многу атрактивна локација, во еден од најживописните делови од паркот. Внимававме граѓаните патеката да можат да ја користат и во текот на ноќните часови, односно, таа е целосно осветлена“ – рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната промоција на новата тартан патека во Градскиот парк.
Тој ги повика граѓаните да ја искористат оваа можност што ја нуди Градот за рекреација и за поздрав живот и да ја користат оваа патека.
„Значајно е да се нагласи и дека сенките од околните дрвја ја штитат патеката од директните сончеви зраци, што ја прави атрактивна и за во летниот период кога многу граѓани го користат паркот за прошетки, одмор и рекреација. Околу тартан патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини – инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад“, велат од Град Скопје.
Градот Скопје и понатаму ќе продолжи да ги зголемува и уредува урбаните површини кои скопјани ги користат за спорт и рекреација и на тој начин ќе ја унапредува средината создавајќи услови за развивање здрави навики кај граѓаните.
Next Post

Еден од најкрвавите денови од протестите во Ирак, 28 загинати

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk