ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СГИП: Менаџментот на Мермерен комбинат Прилеп спречува да комуницираме со вработените

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) тврди дека во повеќе наврати бил спречен да оствари средба со вработените во компанијата Мермерен комбинат ад Прилеп од страна на менаџментот

November 28, 2019 17:47
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) тврди дека во повеќе наврати бил спречен да оствари средба со вработените во компанијата Мермерен комбинат ад Прилеп од страна на менаџментот, пренесе МИА.

Согласно со Конвенцијата 87 на Меѓународната организација на трудот, Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор како и Колективниот договор имаме загарантирано право на ниво на непречена комуникација која задолжително треба да се овозможи од страна на работодавачот. За жал, ова е спречено од страна на менаџментот во компанија која евисокопрофитабилна и со странски капитал, но уште повеќе активностите се спречуваат од домашниот менаџер, наведува СГИП во соопштение.

Синдикатот укажува дека посетите ги бара со цел да ги дознае моментните случувања на вработените, нивните барања во однос на правата од работен однос, поголеми плати и надоместоци, услови за работа, безбедност и здравје при работа, бенефициран стаж кој не го добиваат од 2013 година и се што е поврзано со работниците и нивното информирање и консултирање.

– Ова како претставници на Синдикатот ни дава сомнеж дека работите не се онакви какви што ги претставува работодавачот, па постои страв од Синдикатот изворно да ги слушне вработените кои со собрани 200 потписи се обратија до Синдикатот, велат од СГИП.

Според СГИП, Трудовиот инспекторат од Прилеп постапува како да ги заштитува работодавачите, а не вработените. Не сакале да констатираат преклршок во текот на нашата посета, туку, според соопштението, остварија индивидуална средба со директорката.

-Нема да запреме до крајната инстанца во нашата држава да ја исправиме оваа неправфда кон вработените во мермерниот комбинат Прилеп и ги охрабруваме да останат со Синдикатот за надминување на сите прашања и проблеми кои се провлекуават овие неколку години. Апелираме да бидат истрајни во барањата кои ќе ги надминеме ако треба повторно и по судски пат, бидејќи имаме повторно претставка до Државен инспекторат за труд Скопје каде бараме да се постапи согласно со закон и да се донесе решение со кое ќе се констатира прекршок за горенаведените барања, да се изрече санкција и да се задолжи работодавачот да ги отстрани неправилностоте при работењето, се вели во соопштението.

Next Post

Заев: Спортистите и спортските ветерани добиваат повластени услови за пензиско и здравствено и приход по завршување на спортската кариера

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk