Од Центарот за јавно здравје Прилеп, информираат дека изминатата седмица, во периодот од 15 до 21 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 274 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 11 лица
Бројот на активни случаи изнесува 473. Во болничко лекување има 59 лицa, 367 се на домашно лекување, а 47 се лекуваат во дневната болница во Прилеп.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 321 лица.
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Прилеп изнесува 5.116, а од вирусот починале 254 лица.







