ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Какви промени предвидува новиот Предлог на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за националенпарк

February 25, 2021 13:40
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Долгиот процес на консултации и остварени над 20 дополнителни консултативи состаноци и средби со засегнатите страни, експертскиот тим, со дополнителен ангажман на експерти од Меѓународната унија за конзервација на природата (IUCN), кои ќе работат на Планот за управување на идното заштитено подрачје Шар Планина, ангажирани од Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање за преиспитаување и вградување на забелешките на јавноста во однос на предложената заштита на Шар Планина, резултираше со ревизија на Студијата за валоризација врз основа на што МЖСПП го изработи новиот Предлог на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.

Какви промени предвиде новиот Предлог Закон?

 

  1. Вклучување на сите околни планински села во границите на НП Шар Планина со цел обезбедување на еднаков третман и можности за нивен иден развој со што бројот на опфатени селе од првичните 8 се зголемува на 30, а заштитената териоторија се зголеми од 54 215 хектари на 62 705 хектари.

 

  1. Зоната на строга заштита од интегрална единица со површина 17 978 хектари, во ревидираниот предлог за заштитено подрачје НП Шар Планина е поделена на 5 посебни единици и тоа ЗСЗ – 01 Љуботен, ЗСЗ – 02 Бистрица, ЗСЗ – 03 Кобилица, ЗСЗ – 04 Лешница и ЗСЗ – 05 Маздрача, со вкупна површина 16 651 хектари. Корекцијата е направен со цел да се вклучат подрачја со ист профил на природни вредности во иста зона на заштита, што е од национално, меѓународно и ЕУ значење и зоните на строга заштита да бидат хомогени просторни единици кои ја следат теренската конфигурација. Со тоа ќе се подобри можноста за користење на другите шумски производи, пасиштата и останатите традиционално управувачки практики, ќе се овозможи развој на туристички дејности и ќе се овозможи прекуграничната соработка за спроведување на заштитата преку синхронизација со постоечкиот парк НП Шари.

 

  1. Вклучени се дополнителни шумски системи во зоната на строга заштита, пред се лоцирани на недостапни места, важни од аспект на заштита од ерозија, зачувување на водните ресурси, како и зачувување на значаен генетски материјал.

 

  1. Зоната за активно управување која беше подлена на четири единици со вкупна површина 22 420 хектари во ревидираниот предлог за заштитено подрачје НП Шар Планина е интегрална целина која има потреба од спроведување мерки за подобрување, со вкупна површина 30 763 хектари.

 

  1. Зоната за одржливо користење која беше составена од две различни единици, со вкупна површина од 13 677 хектари во ревидираниот предлог за заштитено подрачје НП Шар Планина е интегрална целина со вкупна површина 13 805 хектари. Оваа зона е внимателно предложена со цел да овозможи непречено функционирање на луѓето во населените места на целата територија на паркот.

 

  1. Заради потребата покрај заштита на природата да се овозможи непречено функционирање на објектите од јавен, стратешки и безбедносен интерес во новиот предлог е прадвидено истите да може да се одржуваат во соработка со ЈУ НП Шар Планина и МЖСПП без оглед на зонирањето.

 

  1. Со цел да се обезбеди непречен развој на ски центарот Попова Шапка беше земен предвид Мастер планот за развој на Попова Шапка, како и веќе постоечките тури кои ги спроведуваaт локалните компании и ревидираниот предлог за заштитено подрачје НП Шар Планина предлага заштитен појас околу ски центарот Попова Шапка со вкупна површина од 1 481 хектари со што ќе се обезбеди баланс помеѓу заштитата на природата и развојот на различни форми на туризам во предвидените рамки.

 

  1. Планот за управување со НП Шар Планина, за чија изработка ќе биде ангажиран експертски тим и ќе бидат спроведувани нова серија на консултации, ќе ги регулира детално забранетите и дозволените активности согласно зонирањето, при што ќе ги опфати и преодните периоди за преминување на управувањето од досегашните управувачи во ЈУ НП Шар планина.

 

  1. Правото на сопственост е неприкосновено и населените места се предвидени во зоната на одржливо користење со цел непречено нивно функционирање и одржлив развој на регионот. Дополнително со нивното вклучување во националниот парк ќе се подигне стандардот од аспект на комунални услуги, посебно управување со отпадот, пристап до меѓународни фондови за развој на екосистемски услуги, развој на органско производство, подобрена инфраструктура и слично.

 

Линк до Извештајот од консултации со јавноста во врска со предлог на Законот за прогласување на Шар Планина за национален парк  https://bit.ly/2NwErKq .

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Еврокомесарите Хан, Вархеј и Џентолини со позитивни оценки од средбите со Бесими: Репубика Северна Македонија продолжува со реформскиот пат

НАЈНОВО

Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

September 16, 2025

Началникот на ГШ на Армијата Лафчиски на конференција на САД-Јадранската повелба (А-5) во Тирана

September 16, 2025
Фото: ДЗС

ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk