Скопското обвинителство Скопје бара притвор за двајца од демонстрантите на вчерашните протести против пресудата за случајот Монструм, информира Телма.мк.
По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените, на возраст од 22 и 19 години, и повеќе други лица започнале да фрлаат камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, кон полицијата, во обид да го пробијат полицискиот кордон.
Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени се и 11 полицајци.
Обвинителството побара притвор за двајцата осомничени поради опасност од бегство или можност да го повторат делото.
Од обвинителството велат дека откако министерството за внатрешни, ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои биле насилни за време на протестот, обвинителството скопје и за нив ќе поведе кривична постапка.
Сега, двајцата осомничени се гонат за учество во толпа која ќе изврши кривично дело.





