Почетокот на испораката на кинеските вакцини ќе се знае деновиве, во тек е втора постапка за набавка на уште 200.000 дози. Ова вчера го истакна премиерот Зоран Заев.
Заев категоричен за македонскиот јазик и идентитет, а неговиот албанскиот колега, Еди Рама смета дека идентитетските прашања не треба да бидат дел од дневната политиката и оти Албанија е подготвена „да ја чека Северна Македонија“ за да не се одвојат двете држави во процесот на интеграција.
Процесот на попишување на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од територијата на земјава, бидејќи системот и компарацијата на податоците со дата базите тоа ќе го откријат и поништат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Пропаднаа обвинувањата, лагите и спиновите кои доаѓаа од белиот дворец, за наводни договори со власта за бегството на Сашо Мијалков. Единствена вистина е договор помеѓу Мицкоски и Мијалков, аминуван од осудениот криминалец, Никола Груевски, за спас на криминалното ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
Првата фаза од Пописот на населението, домаќинствата и становите почнa вчера со попишување на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на Армијата во странство, затворениците и бездомниците. Оваа активност ќе трае до 21 април, кога и официјално треба да заврши пописот, што ќе започне на 1 април.
Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вчера вечер, остварија средба со претставниците на категоризираните ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови. Битиќи тврди дека за Владата е важно секое работно место, угостителството и туризмот се највеќе поддржани и поддршката продолжува со петтиот пакет.
На социјалните мрежи се појави снимка од забавата во кафеаната во Стајковци поради која беа приведени18 лица, меѓу кои и новинарот Миленко Неделковски, членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов и уште неколкумина.
М. Миткоска