„Долга е раката на ВМРО“ е заканата на полковникот Драган Ковачки, кој е и член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, кон началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија Васко Ѓурчиновски преку вибер комуникација на која покрај заканата, клеветел и обвинувал. Полковник Ковачки e казнет шест месеци со по 30 проценти од плата.
С. Македонија во одбраната е оценета како втора најдобра држава во Централна и Источна Европа. Пет земји од ЕУ и 6 стари членки на НАТО се под нас. Тоа е затоа што сме инвестирале и во транспарентноста и во интегритетот, ама за жал добрите вести не излегуваат на површина, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. На прашањето што значи картата на Санстефанска Бугарија што ја објави Каракачанов, Шекеринска го смета тоа за знак на слабост.
Во тек е спроведувањето на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот за 2021, кој оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.
Новиот Нацрт-закон за надворешни работи од денеска е јавно достапен на Електронскиот национален регистар на прописи – ЕНЕР, информира Министерството за надворешни работи. МНР посочува дека ќе ги цени сите забелешки и мислења, кои се добредојдени.
Светската здравствена организација денеска ја одобри вакцината на Џонсон/Џонсон против Ковид-19 за итна употреба.
Во светот до денеска се вакцинирани против коронавирус 335,3 милиони луѓе во светот, што е 4,4 жители на 100 луѓе, пренесува Њујорк тајмс. Најмногу се вакцинирани во САД – 98,2 милиони луѓе, по што следат повеќе од 24 милиони луѓе во Велика Британија.
М. Миткоска