ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денешната интервенција на полицијата, Мета ја смета за обид за државен удар

March 12, 2021 21:11
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот претседател Илир Мета денешната интервенција на полицијата во седиштето на партијата Нов демократски дух (ФРД) ја нарече обид за државен удар.

Тој вели дека писмото испратено од општината за ослободување на канцелариите нема ниту печат, ниту наслов, ниту број на протокол и е направен за да се наруши која било опозициска сила.

Мета ја нарече општината банда и ја повика опозицијата „да се разбуди и да не дозволува никакво кршење на правилата на трката затоа што ќе биде доцна“.

-Сметам дека е обид да се изврши државен удар, затоа што вакво однесување кон опозициска партија веднаш по потпишувањето на изборна коалиција со Демократската и другите опозициски партии, да се донесе такво писмо што нема печат, без број на протокол и потпис, барање направено во брзање само за физичко, но и психолошко кршење на секоја опозициска сила, злоупотребувајќи ја општината-банда, е несомнено крајно иритирачки и претставува предупредување за албанските граѓани за мафијашките напори да стават рака на рамноправен глас, како и врз изборниот процес. Ја повикувам целата опозиција да се разбуди и да не дозволи никакво кршење на правилата на трката затоа што ќе биде доцна за албанскиот народ ако продолжи да го толерира однесувањето на партијата на бандите, изјави Мета.

Тој објасни што се случувало сè до судирот со полицијата, предупредувајќи ги вработените во општината и оние на државната полиција да ги спроведуваат законите.

-Дојдов по телефонскиот разговор претседателот на ФРД, Шеху за оваа ситуација. Случајно минував тука и видов како го малтретира полицијата без никакво овластување, дури и во присуство на Претседателот на Републиката. Ги предупредувам уште еднаш сите полицајци, од општинската и државната полиција, да ги спроведуваат законите! Да не завршат како полицајците на Мубарак, под чевлите на албанскиот народ. Тоа е тоа, рече Мета.

Предупредување имаше и за градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, при тоа индиректно порачувајќи му да не ги почитува наредните на премиерот Рама, кого го нарекува луд.

-Му кажувам на градоначалникот на бандата: вие многу добро знаете што сте направиле без потписи и со потписи. Затоа, не почитувајте ги повеќе наредбите на лудиот, затоа што тој ќе ја извади картата на ментално болен на 25 април или можеби дури и порано, рече Мета.

 

Претходно,како што пренесоа медиумите Мета насилно се судрил со полициските службеници во просториите на ФРД, заканувајќи им се дека ќе ги стави во затвор.

-Излезете надвор, не создавајте проблеми, зошто ја малтретирате опозициската партија? Ви велам: Јас ќе ве одведам во затвор со свои раце, тоа е она што ви го велам, им се заканил Мета на крајно изненадените и револтирани полицајци.

Полицијата била присутна за да асистира во ослободувањето на просториите кои партијата требало да ги ослободи по барање на општината, а за што краен рок бил денешниот ден.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Работна средба на министерот Шаќири со Ректорот на Универзитетот во Тетово Вулнет Амети

НАЈНОВО

ССМ: Без достоинствена плата, нема достоинствена работа

October 7, 2025

Марина Абрамовиќ со контроверзна претстава „Balkan Erotic Epic“: Ова не е порнографија, ова е нашата историја

October 7, 2025
FB / Bujar Osmani

Бујар Османи најави директна помош и системска грижа за постарите лица

October 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто жените живеат подолго од мажите – ново истражување ја потврдува хромозомската предност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чарли Ханам како сериски убиец во „Монструм“: Ослабев 14 килограми за улогата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Големи и актуелни светски имиња на 44. Скопски џез фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk