ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грчкиот здравствен систем под огромен притисок, мобилизација на приватни лекари доколку не се пријават доброволно

March 18, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Рок од 48 часа им даде министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на приватните лекари доброволно да се пријават за да му помогнат на здравствениот систем што е под огромен притисок, а во спротивно ќе побара мобилизација, јави дописничката на МИА од Атина.

Кикиљас уште еднаш упати апел до приватните доктори, особено до пулмолозите и општите лекари да помогнат во „оваа многу тешка битка“ и да ги поддржат и нивните колеги од државните болници, но и пациентите кои се хоспитализирани.

-Ова е битка за човечкиот живот, тоа е во чест на Хипократовата заклетва. И сега го барам истото.Нашите сограѓани имаат потреба од вас, на Грција сте ѝ потребни и затоа во следните 48 часа очекуваме вашата поддршка, чин на солидарност, рече Кикиљас.

Истакна дека во спротивно, ако на повикот не одговорат најмалку200 лекари ќе му предложи на премиерот да преземе мерки за мобилизирање за да се покријат потребите на здравствениот систем.

Во Грција вчера беше регистриран рекорден број пациенти приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, вкупно 630 лица, а Кикиљас рече дека во грчките болници, со Ковид-19 хоспитализирани се 4.648 лица, околу 1.000 повеќе од мината седмица.

Иако во земјата се зголемува бројот на новозаразени и хоспитализирани, сепак, во медиумите се споменува можноста да се донесе одлука за мало олабавување на рестриктивните мерки, за што утре Комисијата на епидемиолози ќе одржи состанок и ќе излезе со препорака.

Меѓу можните олабавувања се споменува пократок полицискиот час, односно да започнува од 21 наместо од 19 часот за време на викендите во Солун и Атина, а од понеделник би можеле да се отворат фризерските и козметичките салони.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е веќе е од 11 февруари.

Од почетокот на пандемијата заразени се 227.247 лица, а регистрирани се 7.252 смртни случаи од Ковид-19.

Next Post

Лекарска комора: Состојбата со Ковид-19 е исклучително сериозна, потребни се дополнителни рестриктивни мерки

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk